Матешница (грчки: Σίμος Ιωαννίδης, Симос Јоанидис, до 1957 година Μοτεσνίτσα, Матесница Μετονομασίες των Οικισμών της Ελλάδας. Μοτεσνίτσα - Σίμος Ιωαννίδης) — село в Егејска Македонија, Република Грција, во општина Лерин, област Западна Македонија со 276 жители (2001).
Географија и местоположба Селото е сместено на 4 километри западно од општинскиот центар Лерин помеѓу ридски предели на Нередска Планина и Пелистер.
Историја Селото е нападнато од албански банди во почетокот на XIX век и станува колиба на соседното село Трсје.Симовски, Тодор. Населените места во Егејска Македонија, Скопје, 1998. Во „Етнографија на Адријанопол, Монастир и Салоника“ за Леринската Каза меѓу Лаген и Арменово е споменато село Немошница (Némochnitza) кое во 1873 г. имало 70 домаќинства и 190 жители Македонци, кое може да биде Матешница.„Македония и Одринско. Статистика на населението от 1873 г.“ Македонски научен институт, София, 1995, стр. 84-85.
Во текот на Балканските војни во 1912 година, во селото влегуваат грчки чети и после Сојузничката војна во 1913 година селото останува во Грција. Во 1957 година селото е преименувано по името на андартскиот капетан Симо Стојанов (Симос Јоанидис) од соседното село Арменово. Во 1961 година селото има население од 71 луѓе.
Стопанство
Демографија
Општествени установи
Културни и природни знаменитости
Редовни настани
Личности
Култура и спорт
Иселеништво
Извори
Наводи
Надворешни врски
Егејска Македонија