Григорис Фалиреас, познат како капетан Закас (името се среќава и како Фалиреас Григориу, ) бил грчки офицер, деец на грчката вооружена пропаганда, андартски капетан и учесник во Борбата за Македонија.
Животопис
Роден е во селото Припица, на полуостровот Мани на територијата на денешната дема (општина) Левктрос. Учествувал како доброволец во Критското востание, а по него завршил грчко воено училиште.
На 22 мај 1906 година под псевдонимот капетан Закас (според грчкиот револуционер Теодорос Закас) влегува во Македонија со андартска чета од 30 души и зел учество во борбата против Македонската револуционерна организација во Костурско.
На 15 март 1907 година испратил писмо до селаните на Б’мбоки, заедно со Лазар Апостоловски (Лазарос Апостолидис), Лукас Кокинос и други, во кое истакнал:
На 16 јули 1907 година четите на Закас и капетан Гермас (Николаос Цотакос) биле опколени во селото Лошница од страна на турските сили, во текот на борбата андартските чети биле разбиени, Лицас загинал, а Закас успеал да се спаси. Германос Каравангелис за него вели:
дeсно|мини|Биста на капетан Закас во Костур. Фалиреас како грчки офицер учествувал во Балканските војни, а во текот на Грчко-турската војна бил командир на 44. пешадиски полк. Се пензинирал од грчката армиија во 1933 година како генерал-полковник.
Умрел 1937 година во Атина .
Белешки
Извори
Фалиреас Григорис