мини|десно|250п|грозје
Грозје e плод на растението од родот Vitis (винова лоза) кое често се именува и како едно од 12 основни врсти на винови лози од кои се прави поголемиот дел на светските вина. Порано вината се означувале спрема подррачјето на кое се одгледува грозјето, но подоцна бројот на производителите толку многу пораснал, така што означувањето било сведено спрема сортата на грозјето. Грозјето е вид на овошје кое расте во кластери од 15 до 300, и може да биде црвено, црно, темносино, жолто, зелено, портокалово и розово. „Белото“ грозје е всушност зелена боја, и еволуционо е изведено од пурпурното грозје. Мутација во двата регулаторни гени на белото грозје исклучуваат продукција на антоцијанин, кој е одговорен за бојата на пурпурното грозје. Антоцијанините и другите пигментни хемикалии од големото семејство на полифеноли во пурпурното грозје се одговорни за различните нијанси на пурпурна боја во црвените вина. Зрната на грозјето имаат типични елипсоидни облици, кои потсеќаат на проширен сфероид.
Грозјето како тема во уметноста и во популарната култура „Грозје“ — песна на македонската поетеса Христина Аслимоска.Христина Аслимоска, Заорок. Скопје: Македонски духовни конаци, 2001, стр. 20. „Песна на лозите во лозјата на Водно“ — песна на македонскиот писател Блаже Конески од 1955 година.Блаже Конески, Збор и опит 1. Скопје: Арс Ламина - публикации, Арс Либрис, 2021, стр. 56. „Лозје“ — расказ на македонскиот писател Бошко Смаќоски.Бошко Смаќоски, Модричка тетратка. Просветно дело, Редакција „Детска радост“, Скопје, 2004, стр. 42-44. „Лозница“ — расказ на Бошко Смаќоски.Бошко Смаќоски, Модричка тетратка. Просветно дело, Редакција „Детска радост“, Скопје, 2004, стр. 69-70. „Братството на грозјето“ - роман на американскиот писател Џон Фанте од 1977 година.„Белешка за авторот и делото“, во: Џон Фанте, Прашај ја правта. Скопје: Темплум, 2008, стр. 247-248. „Гроздобер“ (хрватски: Berba grožđa) - слика на хрватскиот уметник Иван Генералиќ од 1973 година.Središnja Hrvatska - Dvori s pogledom, Hrvatska turistička zajednica, 2009. „Кисело грозје“ (англиски: Sour grapes) - песна на американската хард-кор група Descendents од 1991 година.YouTube, Descendents - Sour Grapes (пристапено на 14.12.2017) Ајде, брала мома бело ми грозје, ем црно - македонска народна песна Лисицата и грозјето - басна од Езоп
Галерија
Наводи
Категорија:Овошје Категорија:Јадливи плодови Категорија:Маслодајни растенија