Софиското метро се наоѓа во истоимениот град во Бугарија и има 4 линии. Првата линија на метрото започнува да работи на 28 јануари 1998 година. На 31 август 2012 г. отвора и втора линија со 11 станици и должина 11 километри. Метрото има изградени општо 47 станици со должина од 52 километри.

За првпат, подготовките за изградба на метрото започнале во 1972 година, кога министерскиот совет го одобрил. Првите градежни работи започнале во текот на 1979 година. Но големата економска криза кон крајот на 1980-тите ја прекинала изградбата на проектот. По 1995 година, проектот повторно бил ставен во функција.

Историја Проектирање Началниот план и проектирање на Софиското метро се извршени во крајот на 60-те години на минатион век. Согласно планот треба да бидат изградени 3 метро линии со општа должина од 52 километри и 47 станции.

Генерална шема на метрото: М1: населба Љулин - населба Младост (црвена линија) М2: населба Хладилника - населба Обеља/населба Илијанци (сина линија) М3: населба Овча Купел - населба Васил Левски (зелена линија) М4: населба Обеља - населба Аеродром Софија (жолта линија)

Линии ЛинијаИконаОтворенаМоментална должина (km [mi])Моментални станициЛинија во изградба (km [mi])Станици во изградбаПланирана должина (km [mi])Планирани станици60x60пкс19981611960x60пкс20121301860x60пкс202012918M460x60пкс201520020Вкупно:471075

Извори

Категорија:Софиско метро