мини|десно|Новогодишна елка Нова година — денот што го одбележува почетокот на новата календарска година. Римската нова година е на 1 март, а овој ден се прославува на различни начини во многу култури.Anthony Aveni, "Happy New Year! But Why Now?" in The Book of the Year: A Brief History of Our Seasonal Holidays (Oxford: Oxford University Press, 2003), 11-28. Новата година според грегоријанскиот календар, кој денес е најкористен низ целиот свет, паѓа на 1 јануари, но постојат разлики во разни култури според календарите што се употребуваат за пресметување на почетокот од новата година.

Традиционален белег на Новата година е новогодишната елка која се поставува во главната соба и околу која се празнува овој ден.

Грегоријански календар Во земјите кои го користат грегоријанскиот календар, првиот ден од новата година паѓа на 1 јануари. Овој датум како прв ден од новата година е проширен низ целиот свет, дури и во земјите кои слават друг ден како почеток на новата година (на пример Кина и Индија). Прославата на новата година се случува вечерта наспроти 1 јануари, односно на 31 декември, и се смета за најголем настан проследен со големи огномети.

Во Сиднеј на полноќ се користат околу 80.000 огномети, и има повеќе од милион и пол посетители, а во 2009 година овој настан беше најгледан преку телевизија. Во Лондон покрај впечатливиот огномет, новата година ја најавува и удирањето на часовникот Биг Бен, кој означува полноќ. Во Њујорк, прославата се одвива на плоштадот Тајмс Сквер. Во Единбург прославите траат четири дена, додека во Скопје, веќе традиционално новата година се дочекува на плоштадот во центарот на градот.

Други прослави на Нова година thumb|130px|Огномет во Тајпеј, Тајван во 2008 Следува список на прославувањето на Нова година на други датуми.

Источната Православна Црква сè уште го користи јулијанскиот календар, па оттаму и прославата на таканаречената Стара нова година на 14 јануари, кој е всушност 1 јануари според јулијанскиот календар. Новата година на 1 јануари се прославува во овие земји како државен празник, а Стара Нова година како народен или религиозен празник. Овој датум се празнува сè уште во Република Македонија, Србија, Грузија, Ерусалим и Русија. Кинеската Нова година, позната е и како месечева (месечева) Нова година, секоја година е на различен датум, а паѓа на првата Млада Месечина од првиот месечев месец, или околу четири до осум недели пред пролетта. Датумот е секогаш меѓу 21 јануари и 21 февруари според грегоријанскиот календар. Традиционално оваа прослава е одбележана со прослава на едно од дванаесетте животни кои се основа на кинеската астрологија. Оваа прослава е една од најважните во Кина. Виетнамската Нова година (Tết Nguyên Đán) најчесто е во ист ден со кинеската Нова година. тибетската Нова година (Losar) паѓа од јануари до март. Nava (нова) Varsha (година) се слави во различни делови од Индија во март и април.

Нова година како тема во уметноста и во популарната култура мини|Новогодишна елка Новата година како мотив во книжевноста „Последната Нова година“ — новела на италијанскиот писател Николо Аманити од 1996 година.Магор, Каталог 2015. Скопје, 2015, стр. 13. „Нова година“ — песна на македонската поетеса Христина Аслимоска.Христина Аслимоска, Заорок. Скопје: Македонски духовни конаци, 2001, стр. 22. „Елка“ — песна на Христина Аслимоска од 2003 година.Христина Аслимоска, Бисерни зборови. Охрид: Летра, 2003, стр. 29. „Нова година“ — песна на Христина Аслимоска од 2003 година.Христина Аслимоска, Бисерни зборови. Охрид: Летра, 2003, стр. 28. „Новогодишни подароци“ — песна за деца на хрватскиот поет Григор Витез.Григор Витез, Песни. Мисла, Македонска книга, Култура, Наша книга и Детска радост, Скопје, 1990, стр. 90. „Новата година е за сите“ — расказ за деца на македонскиот писател Киро Донев од 2013 година.Киро Донев, Приказни од куќичката на дрво. Скопје: Македоника литера, 2013, стр. 98-99. „За Нова година“ - песна на рускиот поет Иван Жданов.Антологија руске лирике – X-XXI век. Књига III: Средина XX века – поч. XXI века (неомодернизам, неоавангарда, постмодернизам и нова трагања). Београд: Paidea, 2007, стр. 203-205. „Среќна нова ’41“ (српски: Sretna nova ’41) — расказ на српскиот писател Вуле Журиќ од 2014 година.Vule Žurić, Tajna crvenog zamka. Laguna, Beograd, 2015. стр. 185-207. „Среќна нова 2014“ - кус расказ на македонскиот писател Драган Георгиевски од 2013 година.Драган Георгиевски, Метаморфузија, Темплум, Скопје, 2013. „Среќна Нова година!“ - расказ на израелскиот писател Ефраим Кишон од 1977 година.Ephraim Kishon, Kod kuće je najgore – Obiteljske priče, drugo izdanje. Zagreb: Znanje, 1984, стр. 9-14. „Нова година 1992“ — песна на македонскиот поет Блаже Конески.Блаже Конески, Црн овен. Скопје: Арс Ламина - публикации, 2021, стр. 9. „Силвестерски ноктурно 1917 година“ (хрватски: Silvestarski nokturno godine hiljadu devetstotina i sedamnaeste) - песна на хрватскиот писател Мирослав Крлежа.Miroslav Krleža, Lirika. Sarajevo: Svjetlost, 1966, стр. 46-47. „Нова година“ - кус расказ на македонскиот писател Митко Маџунков од 1984 година.Митко Маџунков, Међа света. Београд: Просвета, 1984, стр. 75. „Новогодишна згода“ — расказ за деца на македонската писателка Оливера Николова.„Оливера Николова, Зоки Поки. Скопје: Просветно дело, Редакција „Детска радост“, 2004, стр. 58-61. „Ден за желби“ — песна на македонскиот поет Живко Николовски.Живко Николовски, Низа ситно нанижана. Скопје: Детска радост, 1985, стр. 16. „Или јас“ — кус расказ на македонскиот писател Гето Руди од 2017 година.Гето Руди, Можеше да биде реми. Скопје: Темплум, 2017, стр. 52. „Новогодишна авантура“ - расказ на германскиот писател Е. Т. А. Хофман.Е. Т. А. Хофман, Фантастични раскази. Скопје: Македонска книга 2002, 2002, стр. 45-76. „Новата 1991 година“ - песна на македонскиот поет Наум Целакоски од 1963 година.Наум Целакоски, Пролог, 1998, стр. 13.

Новата година како мотив во популарната музика мини|Новогодишна елка „Новогодишна ноќ“ (англиски: New Years Eve) — песна на американската хардкор-панк група Adrenalin O.D..Discogs, Adrenalin O.D. – The Wacky Hi-Jinks Of Adrenalin O.D. (пристапено на 6.11.2022) „Нова година“ (англиски: New Year) — песна на американската рок група Бридерс (The Breeders) од 1993 година.Discogs, The Breeders ‎– Last Splash (пристапено на 24.8.2020) „Нова година“ (англиски: New Year's Day) — песна на ирската рок-група У2 (U2) од 1983 година.DISCOGS, U2 ‎– War (пристапено на 20.5.2021) „Нова година“ (англиски: New Year's Day) — песна на англиската рок-група Mega City Four од 1989 година.DISCOGS, Mega City Four ‎– Tranzophobia (пристапено на 12.9.2020) „Нови години“ (српски: Nove godine) — песна на југословенската поп-рок група У шкрипцу од 1983 година.YouTube, U Skripcu - Nove godine - ( Audio ) (пристапено на 13.3.2018)

Поврзано Кинеска Нова година Рош ашана Фолклор

Наводи

Категорија:Календари Категорија:Празници