Не го поистоветувајте со клубот Вардар.

КК Вардар Осигурување е поранешен македонски кошаркарски клуб со седиште во Скопје. Клубот е поранешен учесник во Првата македонска кошаркарска лига.

Историја

КК Вардар Осигурување имал играно една сезона во Првата македонска кошаркарска лига. Во сезоната 2009/10, КК Вардар Осигурување стигнал до финале, при што екипата на крај завршила на второто место губејќи со 4-3 во победи од КК Фени Индустри. Пред да започне следната 2010/11 сезона, клубот поради финансиски причини се распаднал.

Состав Според последната сезона 2009/2010, составот на КК Вардар Осигурување е следниот: број Име и презиме датум на раѓање позиција висинаcm држава4Александар Костоски5.3.1988Б1885Игор Пенов5.10.1984К2036Ненад Станков16.1.1992Б1917Иван Наумовски23.10.1985Б1848Тони Симиќ8.6.1976Ц2109Дарко Радуловиќ19.7.1980Б19210Дамјан Стојановски9.12.1987Б/К19711Кирил Николовски9.6.1988К/Ц20812Владимир Кузмановски21.10.1984К19913Тони Грнчаров8.2.1980Б19014Перо Блажевски8.9.1972K20015Јордан Николовски9.11.1983К/Ц201

Легенда Б - бек К - крило Ц - центар

Тогашна управа

Стручен Штаб Слободан Петровски - шеф на стручен штаб Марјан Илиевски - тренер Димитар Гаштарски - асистент на тренер Магдалена Богуческа - лекар Михајло Маноилов - физиотерапевт Илија Пенов - менаџер на тим

Раководство Мирослав Котевски - претседател Трајче Латиноски - потпретседател Илија Пенов - директор Александар Цветановски - комесар за безбедност Илија Пенов - лице за контакт

Поврзано Прва македонска кошаркарска лига Втора македонска кошаркарска лига Куп на Македонија Македонска кошаркарска федерација Спорт во Скопје Кошарка во Македонија

Наводи

Надворешни врски Профил на КК Вардар Осигурување на eurobasket.com Профил на КК Вардар Осигурување на страницата на КФМ

В В Категорија:Појавено во 2007 година во Македонија Категорија:Престаноци во 2010 година во Македонија