мини|260x260пкс|Карта на Средниот Исток помеѓу Африка, Европа и Средна Азија. мини|260x260пкс|Карта на Средниот Исток според кепеновата климатска класификација. Среден Исток, Ash-Sharq al-Awsaṭ; , Miǰin Arevelk’; ; Central Kurdish: , ; ; , Axlo Aɣmosavleti; , Mési Anatolí; , Ha'Mizrah Ha'Tihon; , Xāvar-Miāne; ; ; , Maśriq Vosta — прекуконтинентален регион кој се простира околу западна Азија, (и азискиот и европскиот дел) и Египет (кој е претежно во Северна Африка). Терминот дојде во поширока употреба како замена на терминот Близок Исток (во контраст на Далечниот Исток) на почетокот од 20 век.

Арапите, Турците, Персијците, Курдите, и Азерите (со исклучок на Азербејџан) ги сочинуваат најголемите етнички групи во регионот според населението. Малцинства во Средниот Исток се Евреите, Белуџите, Грците, Асирците и други Арамејци, Берберите, Черкезите (вклучувајќи ги Карбадијанците), Коптите, Друзејците, Лурсите, Мандејанците, Самарите, Шабаките, Татите и Зазите. Во Средниот Исток исто така постои и ромска заедница. Европски етнички групи кои формале дијаспора во регионот се Албанците, Бошњаците, Кримските Татари, Франко-Левантијците и Итало-Левантијците. Меѓу другото мигрантско население се и Бенгалите како и други Индијанци, Кинези, Филипинци, Индонезијци, Пакистанци и потсахарски Африканци.

Историјата на Средниот Исток датира од древните времиња, со (геополитичката) важност на регионот призната со милениуми.Cairo, Michael F. The Gulf: The Bush Presidencies and the Middle East University Press of Kentucky, 2012 p xi.Government Printing Office. History of the Office of the Secretary of Defense: The formative years, 1947–1950 p 177Kahana, Ephraim. Suwaed, Muhammad. Historical Dictionary of Middle Eastern Intelligence Scarecrow Press, 13 apr. 2009 ISBN 978- 0810863026 p xxxi. Неколку големи религии потекнуваат од Блискиот Исток, вклучувајќи ги и јудаизмот, христијанството и исламот; бахаизмот, мандејството и бројни други системи на веривања кои биле исто така воспоставени во рамките на регионот.

Средниот Исток генерално има жешка, суви клима, со неколку поголеми реки кои обезбедуваат наводнување за поддршка на земјоделството во ограничени области како што се Нил Делта во Египет, подрачјата на Тигар и Еуфрат во Месопотамија и повеќето од она што е познато како Плодна Полумесечина.

Повеќето земји кои граничат со Персискиот Залив имаат огромни резерви на сурова нафта, од која монарсите на Арапскиот Полуостров имале особено голема корист од економски аспект.

Терминологија Терминот „Среден Исток“ можно е да потекнува од 1850-тите од британската индиска канцеларија. Сепак, терминот стана попознат кога американскиот поморски стратег Алфред Тајер Махан го употребил во 1902 година за "назначување на областа помеѓу Арабија и Индија". Во ова време британската и руската империја се бореле за влијание во Средна Азија, во соперништво што ќе стане познато како Големата Игра. Махан го реализирал не само стратешкото значење на регионот, но исто така, значењето на неговиот центар, Персискиот Залив.Palmer, Michael A. Guardians of the Persian Gulf: A History of America's Expanding Role in the Persian Gulf, 1833–1992. New York: The Free Press, 1992. pp. 12–13. Тој ја етикетирал областа околу Персискиот Залив како Среден Исток, и рече дека по египетскиот Суецки Канал, тој е најважниот премин кој Велика Британија мора да го контролира со цел да ги задржи Русите од напредувањето кон Британска Индија.Laciner, Dr. Sedat. "Is There a Place Called 'the Middle East'? ", The Journal of Turkish Weekly, June 2, 2006. Retrieved January 10, 2007. Махан за првпат го употребил терминот во неговата статија "Персискиот Залив и меѓународните односи", објавена во септември 1902 година во Националниот Преглед, британски весник.

Статијата на Махан беше препечатена во Тајмс и по неа во октомври следеше серија на 20 статии под наслов "За прашањето на Средниот Исток" напишана од страна на Сер Игнациус Валентајн Чирол. Во текот на оваа серија, Сер Игнациус ја проширил дефиницијата на Средниот Исток да ги вклучи и "оние региони на Азија кои се распространуваат до границите на Индија или командувале со пристапи до Индија." По завршувањето насеријата во 1903 година, Тајмс ги отстрани наводниците од следните употреби на терминот.

До втората светска војна, вообичаено при однесување на областите центрирани околу Турција и источниот брег на Медитеранот се користеше терминот "Близок Исток", додека "Далечниот Исток" бил центриран на Кина, и Средниот Исток, тогаш го означуваше делот од Месопотамија до Бурма, имено, просторот меѓу Блискиот Исток и Далечниот Исток. Кон крајот на 1930-тите, Британија ја основа Блискоисточната Команда, која била со седиште во Каиро, за своите воени сили во регионот. По тоа време, терминот "Среден Исток" се здоби со широка употреба во Европа и САД, со што Блискоисточниот Институт бил основан во Вашингтон во 1946 година, меѓу другите употреби.

Критика и употреба

Описот Среден има исто така доведено до извесна конфузија во однос на промените на дефинициите. Пред првата светска војна, "Близок Исток" се користише во англискиот јазик за означување на Балканот и на Отоманското Царство, додека "Среден Исток" се однесуваше на Иран, Кавказ, Авганистан, Средна Азија и Туркестан. Спротивно на тоа, "Далечниот Исток" се однесуваше на земјите на Источна Азија (на пример Кина, Јапонија, Кореја итн.)

Со исчезнувањето на Отоманското Царство во 1918 година, "Близок Исток" во голема мера падна од честата употреба на англиски јазик, додека "Среден Исток" почна да се применува за новите земји на Исламскиот свет. Сепак, употребата на "Близок Исток" беше задржана од страна на различни академски дисциплини, вклучувајќи ги и археологија и античката историја, каде што тој ја опишува областа идентична со поимот на Близок Исток, кој не се користи од страна на овие дисциплини.

Првата официјална употреба на терминот "Среден Исток" од страна на САД беше во 1957 година во Ајзенхауерската Доктрина, која се однесуваше на Суецката криза. Државниот секретар Џон Фостер Далес го дефинирал Средниот Исток како "област која лежи помеѓу и ги вклучува Либија на запад и Пакистан на исток, Сирија и Ирак на Север и Арапскиот полуостров на југ, плус Судан и Етиопија." Во 1958 година, Државниот Департмент објасни дека "Среден Исток" и "Близок Исток" се синоними и ги опфаќаат Египет, Сирија, Израел, Либан, Јордан, Ирак, Саудиска Арабија, Кувајт, Бахреин и Катар.(бара претплата)

Според Асошиетед Прес терминот Близок Исток порано се однесуваше на најдалечните западни земји, додека Среден Исток се однесува на источните, но дека сега тие се синоними. Тој поучува:Користете го терминот Среден Исток, освен ако Близок Исток се користи од извор во приказна. Терминот Средисток исто така е прифатлив, но Среден Исток е најпосакуван.Goldstein, Norm. The Associated Press Stylebook and Briefing on Media Law. New York: Basic Books, 2004. p. 156Терминот Среден Исток исто така беше критикуван како евроцентричен ("врз основа на британската западна перцепција") од страна на Ханафи (1998). ("unedited paper as given at the Oslo conference. An updated and edited version has been published in Utvik and Vikør, The Middle East in a Globalized World, Bergen/London 2000, 1-9. Please quote or refer only to the published article") "The expression Middle East is an old British label based on a British Western perception of the East divided into middle or near and far". see also

Преводи Постојат термини слични на Близок Исток и Среден Исток во другите европски јазици, но бидејќи тоа е релативен опис, значењата зависат од земјата и се различни од англиските поими генерално. Во германскиот јазик терминот Naher Osten (Близок Исток) сè уште е во општа употреба (во денешно време поимот Mittlerer Osten е сè повеќе и повеќе чест во текстовите преведени од англиски извори, иако има посебна смисла) и рускиот Ближний Восток, бугарскиот Близкия Изток, полскиот Bliski Wschód и хрватскиот Bliski istok остануваат посоодветни за регионот. Сепак, некои јазици имаат еквиваленти за "Среден Исток", како што се францускиот Moyen-Orient, шведскиот Mellanöstern, шпанскиот Oriente Medio или Medio Oriente и италијанскиот Medio Oriente.На италијански, изразот "Vicino Oriente" (Близок Исток) исто така лесто се користеше за Турција, а Estremo Oriente (Далечен или Екстремен Исток) за цела Азија источно од Средниот Исток

Можеби поради влијанието на западните медиуми, арапскиот еквивалент за Среден Исток (арапски: الشرق الأوسط аш-Шарк ал-Асват), стана стандарден во арапските мејнстрим весници, со исто значење како и терминот "Среден Исток" во Северна Америка и западна Европа. Назначувањето Маштек, од арапскиот корен за Исток, исто така го означува различно дефинираниот регионот околу целиот Левант, источниот дел на арапскиот свет (спротивно на Магреб, западниот дел). Иако терминот потекнува од Западот, освен арапскиот, другите јазици во земјите од Средниот Исток исто така го користат неговиот превод. Персискиот еквивалент за Среден Исток е خاورمیانه (Khāvar-e miyāneh), на хебрејски е המזרח התיכון (hamizrach hatikhon) и на турски јазик е Orta Doğu.

Територии и региони

Територии и региони обично во рамките на Средниот Исток Земјите традиционално вклучени во рамките на Средниот Исток се Иран (Персија), Мала Азија, Месопотамија, Левант, Арапскиот Полуостров и Египет.

Други дефиниции на Средниот Исток Различни концепции често се поврзани со Средниот Исток, особено Блискиот Исток, Плодната Полумесечина и Левантот. Близок Исток, Левант и Плодна Полумесечина се географски поими кои се однесуваат на големи делови од модерно-дефинираниот Среден Исток, со што терминот Близок Исток е најблиску до Средниот Исток во неговата географска смисла.

Земјите од Јужен Кавказ—Ерменија, Азербејџан и Грузија—повремено се вклучени во дефинициите на Средниот Исток.

Поголемиот Среден Исток беше политички термин измислен од страна на втората Бушова администрација во првата деценија на 21-от век за означување на различни земји кои се дел од Муслиманскиот свет, посебно Иран, Турција, Авганистан и Пакистан.Ottaway, Marina & Carothers, Thomas (2004-03-29), The Greater Middle East Initiative: Off to a False Start , Policy Brief, Carnegie Endowment for International Peace, 29, Pages 1–7 Различни земји од Средна Азија понекогаш се исто така вклучени.Middle East What Is The Middle East And What Countries Are Part Of It? worldatlas.com. Retrieved 16 April 2016.

Историја мини|Ѕидот на плачот и Златната купола во Ерусалим мини|Каба во Мека, Саудиска Арабија Средниот Исток се наоѓа измеѓу Евроазија и Африка и и Средоземното Море и Индискиот Океан. Тоа е родното место и духовниот центар на религиите како што се Христијанството, Исламот, Јудаизмот, Манихејството, Језидизмот, Друзеизмот и Мандејството, и во Иран Митраизмот, Зороастризмот, Манихејството и Бахаизмот. Во текот на својата историја Средниот Исток бил главен центар во однос на светските прашања; стратешки, економски, политички, културно и религиозно чувствителна област.