„Te Amo“ е песна која ја изведува барбадоската Поп/Р&Б пејачка Ријана. Напишана е од страна на Микел С. Ериксен, Тор Ерик Хермансен, Џејмс Фонтлерој и самата Ријана, во продукција на StarGate. Кога станува збор за текстот, во него се зборува за жена која е дел од страстите на Ријана. Песната претставува трет меѓународно издаден сингл, а петти од сите вкупно издадени од нејзиниот четврти студиски албум Rated R. Песната беше изведена на 22 мај 2010, на Big Weekend Music Festival на BBC Радио 1.

Наводи

Категорија:Песни на Ријана