Битката кај Анагора се водела помеѓу силите на Отоманското Царство која била предводена од страна на Бајазит I, и Тимурската Империја предводена од страна на Тимур. Битката се одвила на 28 јули 1402 година, во близина на денешниот гред Анкара.

Заднина

Во времето на отоманскиот султан Бајазит, од исток се појавиле монголските освојувачи на чело со Тимур. Монголците започнале да им нанесуваат порази на Османлиите во Анадолија. Тимур бил најсилниот владетел на Средна Азија. Тој преку своите походи сакал да го обнови Монголското Царство. Во 1390 година ја зазел Грузија и Азербејџан, и пристигнал до границите на Отоманското Царство. Бајазит упатил порака кон едно мало емиратство, кое било сојузник на Тимур, да му плаќа данок. По ова, Тимур повел поход кон империјата на Отоманците. Така, во 1400 година го зазел денешниот град Сивас. Во следните месеци, конфликтот се проширил на дипломатско ниво, помеѓу двата владетели. Така, во 1402 година Тимур со своите војски влегол во Анадолија, а од друга страна пак Бајазит со својата се патил за да го пресретне.

Битка

Во таа битка учествувал и самиот Бајазит I, заедно со своите синови: Иса, Мехмед, Муса, Мустафа и Сулејман. Во таа битка на страната на Османлиите учествувале и вазалите Стефан Лазаревиќ и Ѓураѓ Бранковиќ, кои биле српски деспоти и учестувале со околу 5.000 оклопни коњаници. Во битката Монголците издвојувале голема победа. Во текот на битката, турските бегови од областите Ајдин, Сарухан, Ментеш и Караманија преминале на страната на Тимур и со тоа битката била решена. Со околу 10.000 јаничари, султанот во ноќта се обидел да побегне но во тоа не успеал па бил заробен од страна на монголската војска. Заедно со него бил заробен и сун му Муса. Другите негови синови се спасиле со бегство, освен Мустафа кој мистериозно исчезнал на бојното поле.

Последици

Бајазит во битката бил заробен. Тој бил малтретиран и му служел на Тимур како стол за качување на коњот. Неговата сопруга, Деспина, била принудена гола да му служи на неговата маса. По осум месеци, Бајазит добил удар и починал во март 1403 година. Бурса била заземена и ограбена, како и Смирна од Малтешкиот ред. Многу бргу Тимур решил да се врати кон Средна Азија и да ја нападне Кина. По патот, тој починал.

По смртта на Бајазит, во Отоманското Царство избувнала граѓанска војна помеѓу синовите на Бајазит I. Војната завршила во 1413 година, кога Мехмед Челебија се појавил како победник и тој бил прогласен за султан под името Мехмед I.

Наводи

Категорија:Битки на Отоманското Царство Категорија:Историја на Анкара Категорија:Византиско-османлиски војни Категорија:Битки на Србија Категорија:Битки во средновековна Анадолија Категорија:Отоманското Царство во 15 век Категорија:Судири во 1402 година Категорија:Европа во 1402 година Категорија:Битки на Влашка Категорија:Отомански интерегнум Категорија:Битки на Бајазит I