Љубљаница () — река во Словенија која тече низ главниот град Љубљана. Се издига на југ сè до населеното место Врхника и се влева во реката Сава околу 10 км низводно од Љубљана. Нејзината најголема притока е каналот Мали Грабен. Вклучувајќи го нејзиниот извор блиску до Мала Љубљаница , реката е во должина од 41 км. Малата Љубљаница се приклучува кон Голема Љубљаница () после 1,300 м и реката го продолжува својот тек како Љубљаница.
Љубљаница претставува продолжение на неколку карстни реки што течат од Президско Поле со Врхника на површината и под земја во пештери, па на реката поетски ѝ се даваат шест имиња: Трбуховица, Обрх, Стржен, Рак, Пивка, Уница и Љубљаница.
Археолошка важност Љуљбаница е популарно археолошко наоѓалиште како за археолозите, така и за дивите копачи кои нуркаат во неа во потрега на изгубени наоди од дамнешни времиња. Во текот на реката помеѓу Љубљана и Врхника изобилува со наоди од каменото време до ренесансата, кои припаѓаат на различни групи, од древни месни култури, па сè до попознатите како Старите Римјани и Келтите.Kaufmann, Carol (јан 2007). "A River's Gifts". National Geographic Magazine. 150-7. Еден од позначајните наоди е врв на копје од тиса, пронајден во 2009 година во Сиња Горица. Датирано е од околу 35.000 до 45.000 пред сегашниот, селетски период, и ги надополнува скудните податоци за присуството на ловци од камено доба во областа на Љубљанското Блато.
Сè уште е спорна причината зошто старите народи ставале предмети во реката, но највеќето историчари се повикуваат на месните преданија кои од памтивек ја сметаат реката за света. Овие предмети веројатно биле дарови за реката при важни настани или обреди, за заблагодарување или за барање помош од неа.
Како таква реката Љуљбаница станала мошне популарна кај копачите по богатства. Се смета дека досега од реката се извадени 10.000-13.000 предмети со кои јавноста е сосем незапознаена. Многу вакви предмети се продадени на приватни лица, или пак се скриени кај трагачите. Како мерка, словенечкото Собрание во 2003 година ја изгласала реката за национално богатство и го забранила нуркањето без дозвола.
Галерија
Поврзано Љубљанички брански мост
Наводи
Надворешни врски
„Дарови на реката“ , National Geographic (јан 2007) Состојба на Љубљаница - графикони, во следниов ред, податоци за водното ниво, тек и температура за изминатите 30 дена (земени во Мосте од АРСЖС/АРСО) Љубљаница на expo98
Категорија:Љубљаница Категорија:Сообраќајот во Љубљана Категорија:Археолошки наоѓалишта од камено време во Словенија Категорија:Археолошки наоѓалишта од бронзено време во Словенија Категорија:Археолошки наоѓалишта од железно време во Словенија Категорија:Археолошки наоѓалишта од римско време во Словенија Категорија:Подводни археолошки наоѓалишта Категорија:Заштитени подрачја во Словенија Категорија:Љубљанско Блато