thumb|250px|Насловната страна на весникот

Балканска Ѕвезда (англиски: The Balkan Star) бил канадски весник, гласило на македонската емиграција во Канада, а од бројот 51 седмичен весник за политика и просвета. НГо ноесел мотото: „Согласност, родољубие, просвета, трудољубие“. Уредник бил јеромонахот од село Врачеш Теофилакт.Веселин Николов Трайков - "История на българската емиграция в Северна Америка", Университетско издателство "Св. Климент Охридски", 1993, стр. 226 Се залагал за автономија на Македонија и содржел вести за Балканот и за животот на македонската емиграцијаД-р Боро Мокров, Развојот на македонскиот печат и новинарство (од првите почетоци до 1945 година), Скопје, 1980, 131-132 . Весникот излегувал во периодот од 1 април 1912 до 19 септември 1913 година, а се печател во Торонто. Објавени се вкупно 53 бројаД-р Боро Мокров – М-р Томе Груевски, Преглед на македонскиот печат (1885-1992), Скопје, 1993, 32.

Наводи

Категорија:Канадски весници Категорија:Торонто Категорија:Весници на македонската дијаспора