Бурмали Џамија () — некогашна џамија во Скопје, подигната врз темелите на некогашна црква од Мехмедбег Карли-заде во 1495 година на десната страна на реката Вардар, до Камениот мостЛидија Кумбараџи-Богоевиќ, Османлиски споменици во Скопје, Скопје, 1998.
Името Бурмали го добила по минарето, кое однадвор било изгравирано со шари во вид на спирала. Покриена со три коритести свода, а тремот бил пресводен со пет кубиња кои се потпирале на шест мермерни столбаПодатоци за Бурмали џамија во Скопје, со посебен осврт на натписната плоча, столбовите, капителите и базисите, Музеј на Македонија, Археолошки, Етнолошки и Историски, Зборник нова серија, бр. 2, Скопје, 1996. Срушена е во 1925 година, а на нејзино место бил изграден Офицерскиот дом.
Во последно време со актуализирањето на проектот Скопје 2014, некои невладини организации и Исламската верска заедница во Македонија го покренаа прашањето за возобновување на џамијата.
Наводи
Категорија:Знаменитости во Скопје Категорија:Џамии во Скопје Категорија:Отомански џамии во Македонија Категорија:Поранешни џамии во Македонија Категорија:Престаноци во 1925 година во Македонија