Котлари или Котлар (, Пендаврисос; до 1927 г. Κουτλάρ, Кутлар) — село во Кајларско, Егејска Македонија, денес во општината Еордеја на Кожанскиот Округ во областа Западна Македонија, Грција. Населението брои 177 жители (2021).
Географија и местоположба Селото се наоѓа во областа Сариѓол, околу 7 км североисточно од Кајлари, на десниот брег на Килот (Котларска Река), во западното подножје на Каракамен, на надморска височина од 600 м.
Историја
Во Отоманското Царство Во XIX век Котлари било мешано македонско-турско село во Кајларската Каза на Серфиџенскиот Санџак. Црквата „Св. Фотиј“ е од XIX век. Во „Етнографија на вилаетите Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. во Кутлари (Koutlari) имало 30 домаќинства со 80 жители Македонци. Селото подоцна е забележано како турско.
Во 1889 г. хрватскиот етнограф Стефан Верковиќ напишал за Котлари:
Котлари е едно од малкуте населени места испуштени во бугарските статистики на Васил К’нчов и Димитар Мишев од почетокот на XX век.
Во Грција По Балканските војни во 1913 г. селото е припоено кон Грција согласно Букурешкиот договор. Во пописите од 1913 и 1920 година, Котлари воопшто не се споменува како населба, што значи дека се распаднало многу порано.
По завршувањето на Грчко-турската војна во 1922 г. селото е обновено, кога во него биле сместени неколку бегалски семејства од Понд и од Кавказ. Нивниот број во 1928 г. изнесувал вкупно 177 жители. Во 1927 г. селото е преименувано во Пендаврисос (Πεντάβρυσος), во превод „пет чешми“.
+Места во заедницата Котлари преименувани со службен указ на 6 август 1969 г.ИмеИмеНово имеНово имеОписСаличиларΣαλιτσιλάρГидотопиΓιδοτόπιмесност и возвишение на СИ (622 м)
Стопанство Населението произведува жито, тутун и други зсмјоделски производи, додека сточарството, поради скудните пасишта, е слабо развиено.
Население
Културни и природни знаменитости Цркви
Црква „Св. Фотиј“ — главна селска црква.
Наводи
Категорија:Еордеја