Чалџиево или Чалџилари (, Филотас; до 1926 г. Τσαλτζιλάρ, ЦалѕиларΜετονομασίες των Οικισμών της Ελλάδας. Τσαλτζιλάρ -- Φιλώτας) — село во Леринско, Егејска Македонија, денес во општината Суровичево на Леринскиот Округ во областа Западна Македонија, Грција. Населението брои 1.772 жители (2011). Сè до 1920-тите било населено со Турци.
Географија Селото е сместено во котлината Сариѓол, 6 км јужно од Суровичево и 40 км југоисточно од Лерин. Пред повлекувањето на Островското Езеро, било оддалечено на помалку од 5 км од неговиот брег.
Историја Праисторија и стар век Во подрачјето на Чалџиево се најдени траги од праисториски населби, од кои најстарите се од раниот неолит. Животот на ова место продолжил и во древномакедонскиот и римскиот период. Во други месности околу селото се откриени остатоци од населби од раното и доцното бронзено време, железното време, како и од подоцнежните периоди.Δήμος Αμυνταίου, Φιλώτας
Во Отоманското Царство Во „Етнографија на вилаетите Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. Чалџиево (Tchaldjiévo) било село во Џумалиската каза со 20 домаќинства од вкупно 62 жители Македонци.„Македония и Одринско. Статистика на населението от 1873 г.“ Македонски научен институт, София, 1995, с. 98-99.
Во 1889 г. хрватскиот етнограф Стефан Верковиќ напишал за Чалџиево:
Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 г. Чалџиево (Чалџилар) имал 1.950 жители Турци.
Во Грција По Балканските војни во 1913 г. селото е припоено кон Грција согласно Букурешкиот договор. Истата година во него се попишан 2.381 жител, а во 1920 г. броело 2.137 лица. Во 1920-тите сето население е иселено во Турција по сила на Лозанскиот договор, а на негово место се доведени грчки колонисти од таа земја. Тие дошле од следниве места во Турција:Μορφωτικός - Πολιτιστικός Σύλλογος Φιλώτα, Ιστορία
Учмакдере (Αυδήμι, Ајдими), Источна Тракија Сурмене (Σούρμενα, Сурмена), Понд Богазќој (Μπογιάζκιοι), Источна Тракија Сувремез (Φλογητά, Флогита), Кониско Ѓолџук (Γιολτζίκ, Ѓолѕик), Источна Тракија
Во 1926 г. властите го преименувале селото во Филотас. Во 1928 г. Чалџиево било наполно дојденско село со 2.188 жители од 539 семејства.
Во 1940 г. во селото живееле 2.134 лица. Ваквата бројност се задржала до 1960-тите кога доста жители почнале да се селат во Кајлари и другите градови поради изградбата на големите термоелектрани и привлечноста на градскиот живот.
Цркви Чалџиево има три цркви:
„Св. Ѓорѓи“ „Св. Василиј“ „Св. Петка“
Во селото работи и друштвото „Црно Море“.
Население
Стопанство Селото важи за доста богато и има развиено земјоделство и сточарство.
Поврзано Сариѓол
Наводи
Категорија:Суровичево