Липинци (, Асвестопетра; до 1927 г. Χασάνκιοϊ, Хасанќој) — село во Кајларско, Егејска Македонија, денес во општината Еордеја на Кожанскиот Округ во областа Западна Македонија, Грција. Населението брои 705 жители (2021). Сè до 1923 г. било населено со Македонци и Турци.
Географија и местоположба Селото се наоѓа во областа Сариѓол, на околу 7 километри јужно од Кајлари, во самата Кајларска Котлина, во североисточното подножје на Карталдаг, јужен дел од планината Сињак, на надморска височина од 635 метри.
Историја
Во Отоманското Царство Во XIX век Липинци било мешано македонско-турско село во Кајларската Каза на Серфиџенскиот Санџак. Во „Етнографија на вилаетите Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. во Липинци (Lipintzi) имало 140 домаќинства со 410 жители Македонци и 75 муслимани. Во статистиката се споменува и село Лучинци (Loutchintzi) со 16 домаќинства и 64 Македонци.
Во 1889 г. хрватскиот етнограф Стефан Верковиќ напишал за Липинци:
Во 1893 г. дипломатот Атанас Шопов го посетил Кајларско и забележал дела Липинци (Хасан Ќој) било македонско село. Според податоците на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 г. Липинци имало 510 жители, од кои 240 Македонци и 270 Турци.
На Етнографската карта на Битолскиот Вилает од 1901 г. Хасанќој (Липинци) е претставено како мешано македонско-турско село во Кајларската Каза на Серфиџенскиот Санџак со 140 куќи.
На почетокот на XX век македонското население на Липинци потпаднало под врховенството на Цариградската патријаршија. По податоци на егзархискиот секретар Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 г. во Липинци имало 360 Македонци под врховенство на патријаршијата. Во селото имало комитет на грчката вооружена пропаганда во Македонија, кој ја поддржувал четата на капетан Вардас.Историја на Липинци
По крајот на Младотурската револуција, на 16 јануари 1909 г. општината Емборе ја испратила следнава телеграма до Отоманското собрание:
Во Првата балканска војна, 2 лица од селото се вклучиле во Македонско-одринските доброволни чети.
Во Грција По Балканските војни во 1913 г. селото е припоено кон Грција согласно Букурешкиот договор. Таа година броело 976 жители, кои во 1920 г. се свеле на 907 лица. Боривое Милоевиќ („Јужна Македонија“) вели дека околу Првата светска војна Липинци имал 120 македонски и 120 турски куќи.
Во 1923 г. муслиманското население е иселено во Турција по сила на Лозанскиот договор. На нивно место се доведени повеќе бегалски семејства (вкупно 475 бегалци) од Мала Азија. Така, во 1928 г. селото е забележано како мешано македонско-грчко село, од кои 524 лица или 135 семејства биле грчки дојденци, а остатокот староседелци Македонци. Во 1927 г. селото е преименувано во Асвестопетра (Ασβεστόπετρα), во превод „варовник“.
Во документ на грчките училишни власти од 1 декември 1941 г. се посочува дека Липинци се состои од 80 „туѓојазични“ и 160 бегалски семејства. Според Тодор Симовски, соодносот меѓу мештаните и дојденците бил 2 на 3. +Места во заедницата Липинци преименувани со службен указ на 31 јули 1969 годинаИмеИмеНово имеНово имеОписДигидол БашΝτιγίτολ ΜπάςВрихосΒρίχοςврв на Мурик на ЈЗ од Липинци (1.090 м)Гоги ДолΓκόγκι ΝτόλПикнофитоΠυκνόφυτοрека на Мурик на Ј од ЛипинциКерамиџикΚεραμιτζίκАртесијанаΆρτεσιανάмесност на СЗ од Липинци и на ЈИ од С’лповоБајларΜπαϊλάρАмбелијаΆμπέλιαрека на СИ од ЛипинциЧамур ЃолуΤσαμούρ ΓιολούПтолемадиотикаΠτολεμαδιώτικαмесност на С од Липинци и на Ј од С’лповоМурсовоΜούρσοβαАномалоΆνώμαλοмесност на И од ЛипинциДуру ЧаирΝτουροΰ ΤσαΐρЛевкесΛεύκεςмесност на С од ЛипинциКучекубашΚουτσεκουμπάςКорифиΚορυφήврв на Мурик на ЈЗ од Липинци (1.252 м)
Стопанство Селото е мошне богато, поради што и иселувањето е сведено на минимум. Населението произведува жито, тутун и други земјоделски производи, а доста е развиено и сточарството, посебно краварство.
Население
Личности Родени во Липинци
Кузман Димитров (1892 – ?) — борец во Македонско-одринските доброволни чети, III чета на XI серска дружина; и Јанаки Кузмов (1887 – ?) — борец во Македонско-одринските доброволни чети.
Наводи
Категорија:Еордеја