Адам (, Адам) — село во Општина Лагадина во Солунскиот Округ, Егејска Македонија, денес во областа Централна Македонија, Грција. Населението брои 387 жители (2021).
Географија и местоположба
Селото се наоѓа во центарот на северниот дел на полуостровот Халкидик во северните падини на планината Хортач, неколку километри северно од градот Лагадина. Селото се наоѓа на надморска височина од 385 метри.
Историја
Крај селото се наоѓа византиска капела од 9 век посветена на Свети Панталејмон, додека црквата „Св. Петка“ била изградена во 1830 или 1836 година. Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 година селото имало 900 жители МакедонциКънчов, Васил. Македония. Етнография и статистика, София, 1900, стр. 169..
Според податоците на секретарот на егзархијата Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во селото живееле 940 Грци и работело грчко училиштеBrancoff, D.M. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, pp. 196-197.
По крајот на Балканските војни, селото било вклучено во составот на Грција. На пописот од 1913 година биле евидентирани 650 жители, додека на пописот од 1920 година, во селото биле евидентирани 747 жители.
Селото било под влијание на Цариградската патријаршија.
Население
Во 1928 година селото броело 923 жители., додека во 1940 година селото броело 928 жители.
Селото во пописот од 1951 година броело 981 жител, на пописот од 1961 година, во селото живееле 1016 жители, во 1971 година имало 907 жители, во 1981 година имало 773 жители, додека во 1991 година имало 884 жители. Денеска, населението на селото е 781 жител според пописот од 2001 година.
Културни и природни знаменитости Цркви „Св. Пантелејмон“ од IX век, прогласена за споменик на културата „Св. Петка“ до средниот век, прогласена за споменик на културата „Св. Троица“ од средниот век, прогласена за споменик на културата
Општествени градби Адамско училиште од 1900 г., прогласено за споменик на културата
Наводи
Категорија:Лагадина