Јукуз Ова, Јуќуз Ова или Ѓузово (, до 1927 година ) Μετονομασίες των Οικισμών της Ελλάδας. Ιντέλοβα -- Σκάφη – село во Република Грција, во општината Кожани, во областа Западна Македонија. Во 2011 година селото броело 2 жители.

Географија Селото се наоѓа источно од Кожани.

Историја За време на Османлиското Царство Кон крајот на XIX век Јукуз Ова е турско село во Кожанската Каза на Османлиското Царство. Според грчкиот конзулат во Еласона од 1904 година, во Јукуз Ова живееле 200 Турци.Σπανός, Κώςτας. "Η απογραφή του Σαντζακίου των Σερβίων", in: "Ελιμειακά", 2001.

Во Грција За време на Првата балканска војна во 1912 година во селото влегуваат грчки трупи и за време на Втората балканска војна во 1913 година Јукуз Ова станува дел на Кралството Грција.

Во 1913 година селото Јукуз Ова има 225 жители. Во 1920-тите години според Лозанскиот договор населението се иселува во Турција, а на негово место се населиле бегалци, Грци Понди, од Турција. Во 1928 година селото е целосно бегалско со 41 семејства и 166 жители бегалци.

Во 1927 година името на селото е променето во Скафи.

Наводи

Категорија:Кожани