мини|десно|Загинатите четници на Атанас Градоборлијата во Градобор, 1903 г. мини|десно|исправено|180п|Атанас Градоборлијата
Градобор или Грдобор (, Пендалофос; до 1953 г. Γραδεμπόρι, ГрадембориΜετονομασίες των Οικισμών της Ελλάδας. Γραδεμπόριο -- Πεντάλοφος) — село во Солунско, Егејска Македонија, денес во општината Даутбал на Солунскиот Округ во Централна Македонија, Грција. Населението брои 2.022 жители (2011), сите Македонци.
Географија и местоположба Селото се наоѓа во областа Вардарија во Солунското Поле, 10 км северозападно од Солун. Лежи крај левиот брег на реката Галик, на надморска височина од 120 м.
Историја Во 1848 г. рускиот славист Виктор Григорович го опишал Градобор како македонско село.Нарекувајќи го „бугарско“ под влијание на бугарската пропаганда.Григорович, В. Очеркъ путешествія по Европейской Турціи, Москва, 1877, стр. 91. Меѓу 1896 и 1900 г. селото потпаднало под врховенството на Бугарската егзархијаИлюстрация Илинден, 1936, бр.79, стр. 1. Во „Етнографија на вилаетите Адријанопол, Монастир и Салоника“ де вели дека во 1873 г. Јирдо-Боре (Yirdo-Bore) е село со 90 домаќинства сочинети од 480 жители Македонци. Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 г. селото брои 800 жители, сите Македонци христијани.Кънчов, Васил. „Македония. Етнография и статистика“. София, 1900, стр. 140.
По податоците на егзархискиот секретар Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година селото (Gradobor) имал 1.040 жители, сите Македонци. Од нив 780 биле под врховенството на Бугарската егзархија и 260 под Цариградската патријаршија. Во селото работеле две пропаганди — бугарската и грчката, и секоја имала свое училиште.Brancoff, D.M. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, pp.218-219.
Боривое Милоевиќ вели дека пред Балканските војни Градобор се состоел од 125 македонски куќи. Истражувајќи ги доселеничките При неговата посета во 1917-1918 г. Милоевиќ евидентирал дека една од куќите му припаѓала на семејство чиј основоположник Коритенец се доселил од селото Коритен околу 1888 г. како домазет.
За време на Првата балканска војна селото е окупирано од Бугарите. Меѓутоа, напоредно на нив, месната милиција ја раководел кукушкиот војвода Гоце Междуречки, поставен од Тодор Александров. Поради зачестените напади од грчката војска, бугарските единици морале да се повлечатГенов, Георги. Беломорска Македония 1908 - 1916, Торонто, 2006, стр. 162. Со Букурешкиот договор во 1913 г. Градобор е припоен кон грчката држава, кога имал 822 жители.
Во 1920 г. во селото се евидентирани 740 жители, а во 1928 г. населението се накачило на 907 жители.
+ Месности во Градобор преименувани со службен указ 21 октомври 1969 г. Име Грчки Ново име Грчки Опис Врбалак Βαρμακίστικα Плаја Πλαγιαмесност на СЗ од Градобор и на СИ од Бугариево по десниот брег на Галик Свети Илија Προφήτης Ήλίας Μπάλτζας Профитис Илијас Προφήτης Ήλιαςвозвишение на С од Градобор и на З од Балџа (407,5 м) Бујук Тепе Μπουγιούκ Όρος Корифи Κορυφήвозвишение на СИ од Градобор и на З од Балџа
Население
Самоуправа и политика Селото припаѓа на општинската единица Калитеја со седиште во Градобор, која припаѓа на поголемата општина Даутбал, во округот Солун. Воедно, селото е дел од општинскиот оддел Градобор, каде тоа е еднственото населено место.
Стопанство Населението се занимава со одгледување на тутун, жито и други земјоделски култури. Делумно е развиено и сточарството, особено краварството.
Културни и природни знаменитости Црква „Св. Ѓорѓи“ Црква „Успение на пресв. Богородица“ од XX век
Личности Атанас Градоборлијата (1860-1903) — револуционер ВМОРО и војвода Димитар Златанов Градоборски († 1820) — духовен композитор
Наводи
Надворешни врски
Дијалектен текст од Градобор — Институт за ареална лингвистика при МАНУ
Категорија:Даутбал