Додулари или Додулар (со облиците Дудулари, Дудулар; , Дијавата, до 1926 г. Δουδουλάρ, Дудулар) — село во Солунско, Егејска Македонија, денес во општината Делта на Солунскиот Округ во областа Централна Македонија, Грција. Сè до 1920-тите било населено исклучиво со Македонци.

Географија Додулари е се наоѓа во Солунското Поле во областа Вардарија меѓу реките Галик и Вардар. Оддалечено е неколку километри северозападно од градот Солун.

Историја Во Османлиското Царство

Црквата „Св. Димитриј“ е изградена во 1853 г. Според Боривое Милоевиќ („Јужна Македонија“) селото првично било метох, а потоа продадено како чифлик на две царски девојки.

Во „Етнографија на вилаетите Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. Дондуларе (Dondoularé) е село со 30 домаќинства сочинети од 140 жители Македонци. Во 1874 - 1875 г. во Додулари учителствувал Димитар Мавродиев.

Во 1880 г. муктарот (кметот) на Додулари, Коста Манук, е испратен во затвор во Азија поради учество во потпишување на петиции до Румелиската комисија.Кирил патриарх Български. Българската екзархия в Одринско и Македония след Освободителната война 1877-1878. Том първи, книга първа, стр. 356, 389. Меѓу 1896 и 1900 г. селото преминало под врховенството на Бугарската егзархија.

Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 г. Додулари имало 180 жители Македонци. Според Христо Силјанов, по Илинденското востание во 1904 г. целото село (Дудуларе) прешло под врховенството на Бугарската егзархија. По податоци егзархискиот секретар Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 г. во Дудуларе (Doudoularé) имало 232 Македонци, сите под егзархијата. Во селото работело бугарско училиште.

Според извештај на Димитриос Сарос од 1906 г. Дудулар (Δουδουλάρ) е словенојазочно село во Солунската митрополија со 130 жители со сопсвена национална свест. Во селото работело 1 бугарско училиште со 20 ученици и 1 учител.

Во Грција мини|250п|Офицери на Антантата кај Дудулар за време на Првата светска војна. Во 1913 г. по Втората балканска војна Додулари е припоено кон Грција, кога населението броело 121 жител. Во прегледот на населението направен во 1917 и 1918 г. Милоевиќ го завел Дудулар како село со 30 македонски куќи.

Во 1926 г. селото е преиманувано во Дијавата. Согласно Лозанскиот договор во 1922 г. во селото са населени 87 семејства на туркојазични Грци од Мала Азија и 98 семејства на кавкаски Ерменци (исто така од Турција), вкупно 562 лица. Во 1928 г. Додулари е заведено како староседелско-дојденско село со 170 доселенички семејства сочинети од 524 лица. Некои од малобројните македонски мештани (официјално 54 лица) се преселиле во Бугарија заради притисоците. Следствено на тоа, Македонците останале мошне мало малцинство во селото.

Население

Културни и природни знаменитости Цркви „Св. Димитриј“ од 1853 г., прогласена за споменик на културата „Св. Димитриј и Св. Бессребреници“ од 1981 г.

Личности Родени во Додулари Варнава Тирис (р. 1958) — од доселеничко семејство, митрополит на Неаполско-ставруполската епархија Иван Ангелов (1831 – ?) — свештеник во Кониково од 1871 до 1910 г. Иван Манук — борец во Македонско-одринските чети Коста Манук — учесник во Македонското востание, затворен во Азија Митре Дудуларски — револуционер, терорист на Централниот комитет на МРО, заедно со Иван Карасулијата го убил србоманскиот учител Илија Пејчиновски во Солун на 6 септември 1897 г.„Борбите в Македония – Спомени на отец Герасим, Георги Райков, Дельо Марковски, Илия Докторов, Васил Драгомиров“, Борис Йорданов Николов, ИК „Звезди“, 2005 г., стр. 54-55, ISBN 954-9514-56-0

Наводи

Надворешни врски

Категорија:Делта (општина)