мини|десно|Црквата „Св. Архангели“ Геракарци или Доганџи (, Гераконас; до 1926 г. Γερακάρτσι) — село во Гуменџиско, Егејска Македонија, денес во општината Пајонија на Кукушкиот Округ, Грција. Населението брои 176 жители (2021). Сè до 1920-тите било населено исклучиво со Македонци.
Географија Селото се наоѓа на 9 км јужно од Гуменџе ви југоисточното подножје на планината Пајак.
Историја Во Отоманското Царство Во XIX век Геракарци било чисто македонско село во Ениџевардарската Каза. Црквата „Св. Архангели“ е од првата половина на XIX век.
Во 1848 г. рускиот славист Виктор Григорович („Очерк путешествия по Европейской Турции“) вели дека Геракарци е македонско село.Нарекувајќи го „бугарско“ под влијание на бугарската пропаганда. Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 г. во Геракарци (Доганџи) живееле 290 Македонци христијани. На почетокот на XX век Геракарци било чифлигарско село на албанскиот бег Малик-ефенди.Бабев, Иван, „Македонска голгота – Спомени и изповеди от Ениджевардарско“, ТАНГРА ТанНакРа ИК, София 2009 г., стр. 305
Во 1874 г. селскиот поп Христо Шимов (Шишов) ја префрлил неговата парохија (селата Геракарци, Петгас, Рамна и други) во Бугарската егзархија. Во црквата го заменил син му Георги Шимов, кој работел како егзархиски поп до 1912 г. кога бугарската црква е затворена од грчките власти.Бабев, Иван. Македонска голгота – Спомени и изповеди от Ениджевардарско, ТАНГРА ТанНакРа ИК, София 2009 г., стр. 507.
Во селото воделе борба двете пропаганди — бугарската и грчката. Селото го признавало врховенството на Бугарската егзархија. Во мај 1880 г. уапсени се старешините на неколку ениџевардарски села и од нив е побарана гаранција дека се доверливи, што би можел да го даде само грчкиот митрополит. Така митрополитот успеал да ги откаже од Егзархијата селата Крива, Баровица, Црна Река, Тушилово, Петрово, Бозец, Постол, Геракарци и Кониково.Кирил патриарх Български. Българската екзархия в Одринско и Македония след Освободителната война 1877-1878. Том първи, книга първа, стр. 354.
На австроунгарската воена карта селото е означено како Доганџи (Гиркарци) (Dogandži (Girikarci)), а на картата на Кондојанис се води како Геракарци (Γερακάρτσι), христијанско село. Според Николаос Схинас („Οδοιπορικαί σημειώσεις Μακεδονίας, Ηπείρου, Νέας οροθετικής γραμμής και Θεσσαλίας“) во средината на 1880-тите години на XIX век Геракарци (Γερακάρτσι) било село со 40 христијански семејства.
Најголемиот дел на жителите останал под Егзархијата. По податоци на егзархискиот секретар Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 г. Гиракарци Дуганџа (Guirakartzi Dougandja) имало 304 Македонци егзархисти и 40 Македонци патријаршисти, а во селото работело бугарско училиште.
Во 1905 г., според Крсте Петков Мисирков, село Ѓиракарци Пазар било македонско со 43 куќи.
Кукушиот околиски училиштен инспектор Никола Хрлев во 1909 г. напишал за селото:
По податоци на Егзархијата во 1910 г. Геракорци имало 49 семејства со 257 жители Македонци (207 чифлигари) и една црква.Шалдев, Христо. Областта Боймия в Югозападна Македония. Македонски преглед, 1930, 6:1, стр. 61–69.
Во 1910 г. Халкиопулос напишал дека во селото (Γερακάρτση) имало 209 егзархисти.
Боривое Милоевиќ („Јужна Македонија“) вели дека Ѓерекарце (Ђерекарце) пред Балканските војни имало 80 куќи на Македонци христијани.
Во Грција По Балканските војни во 1913 г. Геракарци било пропоено кон Грција согласно Букурешкиот договор. В 1912 година е регистрирано като селище с христијанска религија и македонски јазик. На пописот од 1913 г. Геракарци или Дуганџи (Γερακάρτσι ή Δουγαντζή) се води како село со 266 жители (155 мажи и 101 жена). Во 1920 населението броело 244 лица.
Поради теророт на грчките власти, до 1925 г. 215 лица биле принудени да се иселат во Бугарија и ликвидирани се 39 имоти. Друг дел од населението се преселило во Гуменџе, и така во селото останале само две староседелски семејства. На нивно место се населени дојденци од селото Киздервент во Мала Азија чие население се Македонци од Охридско присилно иселени таму на почетокот на XVIII век за да бидат дервенџии, чиј јазик и денес е смеса од македонски со турски зборови.Шишманов, Димитър. „Необикновената история на Малоазийските българи“, II издание, „Пони“, София, 2001, стр. 49-50. Во 1928 г. селото е претставено како мешано мештанско-дојденско со 192 дојденци (55 семејства).
Во 1926 г. селото е преименувано во Гераконас за да звучи грчки.
Население
Културни и природни знаменитости Црква „Св. Архангели“ од првата половина на XIX век
Личности Васил Шимов (Попхристов) — кмет на Геракарци и член на ВМОРОБабев, Иван, „Македонска голгота – Спомени и изповеди от Ениджевардарско“, ТАНГРА ТанНакРа ИК, София 2009 г., стр.306 Гоно Д. Чифиљонов (? - 1942) — револуционер на ВМОРО, курир, починал во НесебарБабев, Иван. Помним делата ви, НСА Прес, 2013 г., стр.75, 244-245. Крсто Русев (1913 - 1995) — политичар во Бугарија, градоначалник на Несебар Мино Шантев — четник на ВМОРО, украл пушка од куќата на бегот и избегал во Ениџевардарското ЕзероБабев, Иван, „Македонска голгота – Спомени и изповеди от Ениджевардарско“, ТАНГРА ТанНакРа ИК, София 2009 г., стр.311 Петар Попхристов (1885 - 1962) — револуционер на ВМОРО Тома Христов (1885 – 1962) — политичар во Бугарија, градоначалник на Несебар
Поврзани со Геракарци Продан Христов (1888 – ?) — револуционер на ВМОРО, дете на преселници од Геракарци
Наводи
Категорија:Пајонија (општина)