Грубевци или Гурбеш (, Агросикија; до 1926 г. Γκούρμπες, ГурбесΜετονομασίες των Οικισμών της Ελλάδας. Γκούρμπες -- Αγροσυκία) — село во Ениџевардарско, Егејска Македонија, денес во општината Постол на истоимениот округ во областа Централна Македонија, Грција. Населението брои 201 жител (2021). Сè до 1924 г. било населено исклучиво со Македонци.

Географија Селото е сместено во областа Бојмија, на северозападниот крај на Солунското Поле, во југозападните разгранки на планината Пајак. Лежи 15 км североисточно од Пазар (Ениџе Вардар).

Историја Во Отоманското Царство Во 1632 година Грубевци се спомнува во османлиски дефтер како село со 24 христијански домаќинства. Населението се занимавало главно со одгледување на сусам, памук, анасон и тутунФилипов, Никола. „Свети Кирик“, Горни Воден, Долни Воден, Издателство „SM“, Пловдив, 2011, стр. 92.. Во 1848 г. рускиот славист Виктор Григорович („Очерк путешествия по Европейской Турции“) го опишал Грубевци како македонско село.Нарекувајќи го „бугарско“ под влијание на бугарската пропаганда.Григоровичъ, В. Очеркъ путешествія по Европейской Турціи, Москва, 1877, стр. 91.

На крајот од ХІХ век селото се ослободило од Цариградската патријаршија (грчката црква), но потпаднало под врховенството на Бугарската егзархија.Божинов, Воин. Българската просвета в Македония и Одринска Тракия 1878-1913, София 1982, с. 69. Бугарската пропаганда проработела уште во 1874 г. со отворање на бугарско училиште; од 1891 до 1903 г. во него учителствувал деецот Захари Ѓорев од КумановоИлюстрация Илинден, 1943, бр. 144, стр. 13., а по него Пено Авков. Во селото е основан комитет на ВМРО, на чело со Аргир Авков.

Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 г. Грубевци имало 400 жители, сите Македонци христијани.

По податоци на егархискиот секретар Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 г. во Грубевци (Groubevtzi) имало 384 Македонци под егзархијата и работело бугарско училиште.Brancoff, D.M. La Macédoine et sa Population Chrétienne. Paris, 1905, рp. 102-103.

Во 1905 г., според Крсте Петков Мисирков, село Грубивци било македонско со 40 куќи.

Училишниот инспектор Никола Хрлев во 1909 г. напишал за селото:

По податоци на егзархијата во 1910 г. Грубевци било чифлигарско село со 300 Македонци од 57 семејства и една црква.Шалдев, Христо. Областта Боймия в Югозападна Македония. Македонски преглед, 1930, 6:1, стр. 61–69.

Во 1910 г. Халкиопулос напишал дека селото (Γκρούμπες) има 178 егзархисти.

Според српскиот географ Боривое Милоевиќ, во периодот пред Балканските војни селото се состоело од 30 македонски куќи.

Во Грција Во 1912 г. Грубевци е заведено како село со христијанска религија и македонски јазик. По Балканските војни во 1913 г. селото е припоено кон Грција согласно Букурешкиот договор. Истата 1913 г. селото броело 318 жители (166 мажи и 152 жени), а во 1920 г. имало вкупно 319 лица. Во 1924 г. целото население е протерано во Бугарија (272 лица), а на негово место се доведени грчки колонисти од Понд и Мала Азија. Истераните Македонци 40 семејства се населиле во Горен Воден кај Асеновград, а дел од нив потоа се преселиле во самиот Асеновград и во Пловдив, а три семејства се населиле во Кавакли (денес Тополовград).

Во 1926 г. селото е преименувано во Агросикија. Во 1928 г. Грубевци е претставено како чисто дојденско село со 438 жители од 118 семејства.

Во 1940 г. Грубевци имало 476 жители. Во текот на следните десетлетија бележи благи падови и покачувања, со поголем пад на бројноста во текот на 2000-тите.

Главен храм во селото е старата македонска црква „Св. Атанасиј“ (XVIII – XIX век). Селска слава е на Атанасовден — Летен.

Население

Стопанство Селото е полупланинско и прилично пасивно. Се одгледуваат пченица и малку памук, а делумно е застапено и сточарството.

Личности Младен Костадинов Митраколев (1911 – 1945) — подофицер во Бугарија, загинал во Втората светска војнаДВИА, ф. 39, оп. 3, а.е. 112, л. 9 Танас Грубешки — месен учител и секретар во четата на Павле КониковскиГеоргиев, Георги Н. Епос за един изгубен свят (Архивни материали за борбите, езика и бита на българите в Ениджевардарско), Македонски преглед, г. ХХХІІІ, 2010, бр. 4, с. 124-136 Димитар Сурлев (1907 – 1933) — комунистички деец во Бугарија

Поврзано Пајак (планина) Бојмија

Наводи

Категорија:Постол