Долно Каленик (, Като Калиники; до 1926 г. Κάτω Κάλενικ, Като КаленикΜετονομασίες των Οικισμών της Ελλάδας. Κάτω Κάλενικ -- Κάτω Καλλινίκη) — село во Леринско, Егејска Македонија, денес во општината Лерин на истоимениот округ во областа Западна Македонија, Грција. Населението брои 85 жители (2011), сочинето од Македонци и грчки доселеници.
Географија Селото е сместено во северозападниот крај на Леринското Поле, близу границата со Р Македонија. Лежи на левиот брег на Стара Река, 11 км североисточно од Лерин и 7 км источно од Долно Клештино. Селото е од растурен тип, и куќите се оддалечени една од друга.
Историја Во Отоманското Царство Во XIX век Долно Каленик било чисто македонско село во Леринската Каза. Во 1848 г. рускиот славист Виктор Григорович („Очерк путешествия по Европейской Турции“) Каљник како македонско село.Нарекувајќи го „бугарско“ под влијание на бугарската пропаганда.Григорович, В. Очеркъ путешествія по Европейской Турціи, Москва, 1877, стр.93. На етничката карта на Вардарската Долина од 1861 г. Јохан фон Хан го означил Долно Каленик како македонско село.Croquis der westlischen Zurflüsse des oberen Wardar von J.G. von Hahn. Deukschriften der k Akad. d wissenseh. philos. histor. CIX1Bd, 1861. ВО „Етнографија на вилаетите Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. Каленик (Kalénik) имал 90 домаќинства со 254 жители Македонци.Македония и Одринско. Статистика на населението от 1873 г., Македонски научен институт, София, 1995, стр. 84 – 85.
Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 г. в Горно и Долно Каленик имало 394 жители Македонци.Кънчов, Васил. Македония. Етнография и статистика, София, 1900, стр. 249. По Илинденското востание на почетокот на 1904 г. целото село потпаднало под врховенството на Бугарската егзархија.Силянов, Христо. Освободителните борби на Македония, том II, София, 1993, стр. 125. По податоци на егзаргискиот секретар Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 г. во селото имало 120 Македонци под егзархијата.Brancoff, D.M. La Macédoine et sa Population Chrétienne, Paris, 1905, pp. 176 – 177.
На Етнографската карта на Битолскиот Вилает од 1901 г. Долно Каленик се води како чисто македонско село во Леринската Каза на Битолскиот Санџак со 32 куќи.
Во Грција По Балканските војни во 1913 г. селото е припоено кон Грција согласно Букурешкиот договор, кога броело 120 жители. Во овој период, Боривое Милоевиќ го спомнува со 15 македонски домови. Во 1920 г. Долно Каленик имало 127 лица, а неколку години подоцна властите доселиле 24 грчки дојденци од Понд. Во 1928 г. Каленик (Горно и Долно) броело 253 жители, од кои 88 лица (24 семејства) биле грчки дојденци. Во 1926 г. селото е преименувано во Като Каленики, што е проста грцизација на македонското име.
Во 1940 г. Долно Каленик имало 368 жители, но за време на Граѓанската војна повеќе Македонци пребегнале во Р Македонија и источноевропските земји. Така, во 1951 г. населението се намалило на 35 жители, кои продолжиле да се смалуваат во 1960-тите период поради иселувања во прекуокеанските земји. Иселувањата продолжиле и понатаму, така што селото денес е многу помало отколку во предвоениот период.
Според истражување од 1993 г. селото е етнички мешано „дојденско-словенојазично“, во кое македонскиот јазик и понтскиот грчки се зачувани на средно ниво.Riki Van Boeschoten. „Usage des langues minoritaires dans les départements de Florina et d’Aridea (Macédoine)“
Личности Ристо Шиката — деец на МРО, роден во Горно или Долно Каленик, војвода на чета во реонот на Алексо Џорлев за време на Илинденското востаниеНиколов, Борис Й. Вътрешна македоно-одринска революционна организация. Войводи и ръководители (1893 – 1934). Биографично-библиографски справочник, София, 2001, стр. 146.
Население
Стопанство Селото се смета за прилично сиромашно. Дури и водата за пиење е бунарска и не е добра.
Поврзано Леринско Поле
Наводи
Категорија:Лерин