Арменово (Арменоро, Арменохор или Ерменово; , Арменохори) — село во Леринско, Егејска Македонија, денес во општината Лерин на истоимениот округ во областа Западна Македонија, Грција. Населението брои 986 жители (2011), од кои Македонците и денес сочинуваат огромно мнозинство.
Географија Селото е сместено во Леринското Поле, крај Сакулева Река, на 4 км североисточно од Лерин. Има железничка станица на главната линија Солун - Битола.
Историја мини|лево|Праисториски наоди од Арменово во Леринскиот археолошки музеј. Кај Арменово се откриени наоди од праисториско време.
Во Отоманското Царство Во XIX век Арменово било големо, претежно македонско село, со извесно турско население. Во 1848 г. рускиот славист Виктор Григорович („Очерк путешествия по Европейской Турции“) го опишал Арминор како македонско село.Нарекувајќи ги „бугарски“ под влијание на бугарската пропагандаГригорович, В. Очеркъ путешествія по Европейской Турціи, Москва, 1877, стр. 93. Во 1861 г. австрискиот интелектуалец Јохан фон Хан го обележал Арменор на неговата етничка карта на долината на Вардар како македонско село.Croquis der westlischen Zurflüsse des oberen Wardar von J.G. von Hahn. Deukschriften der k Akad. d wissenseh. philos. histor. CIX1Bd, 1861. Во 1889 г. хрватскиот етнограф Стефан Верковиќ напишал дела во селото живеат 91 македонски семејства (446 лица).Стефан Веркович. „Топографическо-этнографический очерк Македонии“. Санкт Петербург, 1889. Во „Етнографија на вилаетите Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. Арменово (Arménovo) имало 100 домаќинства со 300 жители Македонци.„Македония и Одринско. Статистика на населението от 1873 г.“ Македонски научен институт, София, 1995, стр. 84-85.
Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 г. Ерменово (Арменоро) имало 780 жители Македонци и 125 жители Турци. На почетокот на XX век во селото работеле странски пропаганди, а населението било поделено на приврзаници на Бугарската егархија и приврзаници на Цариградската патријаршија. По податоци на егзархискиот секретар Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 г. во Арменохор имало 352 Македонци под егзархијата и 424 Македонци под патријаршијата, а во селото работеле бугарско и грчко училиште, основано во 1880 г.D.M.Brancoff. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, р.176-177.
На Етнографската карта на Битолскиот Вилает од 1901 г. Арменор се води како мешано македонско-турско село во Леринската Каза на Битолскиот Санџак со 126 куќи.
По 1900 г. се засилила иселувањето на жителите во Северна Америка, главно во САД. Според бугарскиот трговски агент во Битола Андреј Тошев, кон почетокот на 1904 г. 60 лица од селото биле заминати на работа во Америка. На 1 март 1905 г. е заведено заминувањето на уште 19 лица.Миграционни движения на българите 1878-1912, т. 1, София 1993, с. 314, 397..
Во Грција мини|250п|Мост на Сакулева Река кај Арменово за време на Првата светска војна. мини|десно|исправено|200п|Поставки во Етнографскиот музеј. По Балканските војни во 1913 г. селото е припоено кон Грција согласно Букурешкиот договор, кога населението броело 830 жители. За време на Првата светска војна селото за кратко е окупирано од VIII дивизија на бугарската армија по извршената Леринска операција, за да ѝ биде вратено на Грција со Нејскиот мировен договор. Боривое Милоевиќ вели дека за време на војната, Арменово имало 120 македонски и 30 турски семејства, а во 1920 г. целото село броело 871 жител. Во 1924 г. турското население на Арменово е иселено во Турција по сила на Лозанскиот договор, а на негово место се доведени 58 грчки колонисти (20 семејства) од Понд. Во 1928 г. селото броело вкупно 1.045 лица. Во 1940 г. тука живееле 1.446 жители, иако по Грчката граѓанска војна некои жители пребегнале во Р Македонија.
Во 1960-тите бројот на жителите доживеал извесен пад поради преселувањето на бројни македонски семејства во прекуокеанските земји, во градот Лерин и на други места.
Според Тодор Симовски, денес соодносот меѓу македонското и дојденското население во поново време е 6 спрема 1, што значи дека Македонците сочинуваат огромно мнозинство.
Според истражување од 1993 г. селото е „мештанско-дојденско“ и во него македонскиот јазик е зачуван на средно ниво, а понтскиот грчки на ниско.Riki Van Boeschoten. "Usage des langues minoritaires dans les départements de Florina et d’Aridea (Macédoine)"
Население
Стопанство Најзастапена стопанска гранка во Арменово е земјоделството, но прилично е развиено и сточарството.
Поврзано Леринско Поле ЖС „Лажени“ — месната железничка станица
Наводи
Надворешни врски
Диалектни текстове от Борешница и Арменохор во: Шклифов, Благой и Екатерина Шклифова. Български диалектни текстове от Егейска Македония, София, 2003, стр. 114 – 144. Портал на Општина Лерин За Фолклорниот музеј во Арменово.
Категорија:Лерин