Мирко Живков Спироски (Лешок, Тетовско, ) — македонски физиолог и генетичар, редовен професор по имунологија и хумана генетика на Медицинскиот факултет во Скопје.
Животопис Спироски е роден во тетовското село Лешок на 3 февруари 1948 година. Медицина завршил во Скопје. Магистрирал и докторирал на Институтот за физиологија при Медицинскиот факултет во Скопје. Во мај 1995 година е избран за вонреден професор по предметот физиологија. Во октомври 1997 година, тој бил избран за вонреден професор по предметот имунологија, во март 2002 година е избран за редовен професор по имунологија, а од 2006 година, тој бил професор по хумана генетика на Институтот за имунобиологија и хумана генетика (ИИБХГ) при УКИМ. Еден е од основачите и прв претседател на Самостојниот синдикат за здравство, фармација и социјална заштита на Македонија, еден од основачите и претседавач на Управниот одбор во МЦМС. Основач е и директор на Институтот за имунологија во 2000 година. Објавил над 100 труда, 3 монографии и 4 практикуми.
Наводи
Надворешни врски Профил со опширна биографија на порталот на ИИБХГ Учебник „Вовед во генетика“ - проф. д-р Мирко Спироски (PDF, 115 стр.)
Категорија:Луѓе од Лешок Категорија:Македонски генетичари Категорија:Македонски лекари Категорија:Македонски физиолози Категорија:Македонски универзитетски професори Категорија:Југословенски генетичари Категорија:Југословенски лекари Категорија:Југословенски физиолози Категорија:Професори на Медицинскиот факултет - Скопје Категорија:Апсолвенти на Медицинскиот факултет - Скопје Категорија:Магистри на Медицинскиот факултет - Скопје Категорија:Доктори на Медицинскиот факултет - Скопје