Дервиш Цара (алб.: Dervish Cara; Долно Палчиште, Тетовско, кон почетокот на 19 век – починат во Константинопол или Солун ― водач на востание на албанското население против османлиската власт во ноември 1843 - 26 мај 1844Kreyengritja e Dervish Cares, perktyes Lutfi Rusi, Shkup, 1985;. Востанието избило како резултат на бавните и недоволни реформи во системот на феудалните установи во времето на танзиматот, започнати со Ѓулханскиот хатишериф на 3 декември 1839. Востаничките дејства започнале во Гостивар, каде што тој бил управник и заменик на Џеладин-бег. По задушувањето на востанието, тој бил заробен и во затворот му била изгубена трагатаОтпорот во Македонија во времето на турското владеење, IV, Буни и востанија, Скопје, 1983, 783–805..

Во негова чест во неговото родно село, училиштето го носи неговото име.

Поврзано Албанско востание (1843–1844)

Наводи

Категорија:Луѓе од Долно Палчиште Категорија:Македонски Албанци Категорија:Отомански Албанци