Фанерозоикот е најмладиот еон во геохронолошката поделба на историјата на Земјата. Се смета дека започнал пред околу 545 милиони години, а трае и денес. Фанерозоикот е обележан со богатство и разновидност на растителниот и животинскиот свет. Како почеток на фанерозоикот е земено времето кога за првпат се појавиле животните со черупки.
Фанерозоикот е поделен на три ери:
Палеозоик Мезозоик Кенозоик
Првиот период на палеозоикот се нарекува камбриум, па според тоа времето пред фанерозоикот се нарекува преткамбриум.
Категорија:Геолошка скала Категорија:Праисторија Категорија:Зборови што ги нема во ТРМЈ