Најголемиот дел од верниците во Литванија се римокатолици.
Според последната анкета спроведена од страна на Евробарометар во 2005,,
49% од литванските граѓани одговориле дека "веруваат во Бог односно дека тој постои". 36% одговориле дека "веруваат во некоја друга натприродна сила". 12% одговориле дека "не веруваат ниту во Бог ниту во некоја друга сила".
Христијанство
Римокатоличка црква right|thumb|Вилниушка катедрала
79% од Литванците припаѓаат на Римокатоличката црква. Некои католички свештеници пружиле отпор на комунистичкиот режим кој продолжил да постои по независноста.
Во близина на Шиулај се наоѓа Ридот на Крстовите, нарекуван и храм на антикомунистичкиот отпор. Латинските крстови биле забраниети од страна на Руската Православна кон крајот на 19 век. Советските власти продолжиле со забраната.
Православие
Вкупниот број на православни верници во земјата е околу 4.5%, претежно Руси.
Протестантство
Вкупниот број на протестанти е 0,8% од вкупниот број на население, претежно на Евангелската Лутеранска црква на Литванија .
Постојат и мали протестантски заедници во северните и западните делови на земјата. Самогитија била историски позиционирана помеѓу двете германски држави под контрола на Ливонија на север и Источна Прусија. Во 16 век, од овие два региони започнало да се шири Лутеранство. Мнозинството од пруските Литванци кои живеат во Источна Прусија и во Мемеланд се членови на Пруската Евангелистичка црква. По 1945 бројот на верниците на Лутеранскиот протестантство во Литванија се намалил.
Во земјата од 1990 година опстојуваат и Обединетите методисти United Methodists evangelize in Lithuania with ads, brochures, Баптистичката црква Baptist beginnings in Lithuania . и Менонитите Graduation: Lithuania Christian College .
Ислам
Во Литванија, исламот има долга историја за разлика од многу други северните европски земји. Во времето на Големото Кнежевство Литванија и Полско-литванската Државна Заедница на јужните делови од земјата се населиле кримските Татари Islamic peoples of the Soviet Union, by Shirin Akiner, pg. 85 Денеска овие Татари се нарекуваат Литвански Татари.
Јудаизам
Според пописот од 2001 година, вкупниот број на евреи бил 1.272.
Наводи