Славе Банар — македонски поет и раскажувач.
Животопис Д-р Славе Банар е роден на година, во Охрид, но бил израснат во Лешани од каде потекнувал. Дипломирал на Филолошки факултет на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје. Тој е магистер по македонска книжевност и доктор на науки од областа на книжевностите. Магистрирал и докторирал на Универзитетот во Љубљана. Работел како библиотекар, виш библиотекар и директор во Градската библиотека „Григор Прличев“ во Охрид. Работел како професор по македонски книжевности на Државниот универзитет во Тетово, по предметите: Македонска народна книжевност, Теорија на книжевноста, Македонска книжевност 19 век и Современа македонска книжевност. Славе Банар е член на ДПМ од 1989 година.Маринела Јовановиќ, Нада Филева: „Мал охридски литературно-научен лексикон“, Охрид, 2002.„Славе Банар е автор на наградената поема Амбар“, Дневник, година XVIII, број 5595, сабота-недела, 18-19 октомври 2014, стр. 17.
Библиографија „Аквариум“ (поезија, 1983) „Подземна вода“ (раскази, 1988) „Златоуст“ (поезија, 1992) „Словенечката книжевност на македонски јазик“(студии, 2005) „Slovenska knjizevost v makedonsčini“ (2006) „Pomen mednarodnega pesniškega festivala Struški večeri poezije v razvojnem loku sodobne makedonske poezije“ - FF - Ljubljana (2009) „Амбар“ - поема. Награда „Григор Прличев“ за најдобра поема за 2014 година. Poeta laureatis. Во октомври 2014 година било објавено дека Славе Банар е добитник на наградата „Григор Прличев“ за поемата „Амбар“.„Славе Банар е автор на наградената поема Амбар“, Дневник, година XVIII, број 5595, сабота-недела, 18-19 октомври 2014, стр. 17.
Извори
Категорија:Луѓе од Лешани Категорија:Македонски писатели Категорија:Живи луѓе Категорија:Членови на ДПМ Категорија:Апсолвенти на универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ Категорија:Југословенски писатели