Димитар Башевски ( - ) — македонски романописец, поет и преведувач.

Животопис Димитар Башевски е роден во село Ѓавато, Битолско, на година. Завршил Филозофски факултет на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје. Тој станал член на Друштвото на писателите на Македонија во 1969 година. Долги години работел како новинар, уредник и постојан дописник од Атина, за весникот „Нова Македонија“. Бил директор и главен уредник на издавачката куќа Култура. Сега е главен уредник на издавачката куќа Слово. Член е на Македонскиот ПЕН центар и бил негов претседател од 2000 до 2006 година.

Дела Башевски е автор на следниве дела: Туѓинец (роман, 1969) Враќање (роман, 1972) Раска (роман, 1974) Нема смрт додека ѕвони (роман, 1980) Една година од животот на Иван Плевнеш (роман, 1985) Куќата на животот (поезија, 1987) Сарајановскиот каранфил (роман, 1990) Дневникот на Ања (роман за деца, 1994) Привремен престој (поезија, 1995) Совладано време (поезија, 1998) Бунар (роман, 2001) Аголен камен (поезија, 2005) Братот (роман 2007) Во дланката своја си гледам (поезија, 2010) Прозорци (роман, 2010) Белег. Сон (поезија, избор, 2012) Прозорци, нова верзија (роман, 2013) Мајсторот (раскази, 2013) Скршнувања (поезија, 2016) Круг (роман, 2017) Избрани дела (во шест тома, 2019) Писма од карантин (есеи, 2021) Дни, години (поезија, 2023) Црни букви на црвено (поезија, 2025)

Неговите дела се преведувани и објавувани во странство на англиски, чешки, грчки, романски, српски, црногорски, албански и бугарски. Застапуван во антологиите на македонската поезија и проза. Три негови кратки раскази се застапени во антологијата на македонскиот краток расказ, „Џинџуџе во земјата на афионите“ (Темплум, 2022).Никола Гелевски и Владимир Мартиновски (приредувачи), Џинџуџе во земјата на афионите: антологија на македонскиот краток расказ. Скопје: Темплум, 2022, стр. 77-80. Преведува од англиски и од словенските јазици.

Награди и признанија Добитник е на наградите: Награда „11 Октомври“; Награда „Рациново признание“; Награда „Ванчо Николески“; Награда „13 Ноември“; Лауреат на престижната награда „Роман на годината“ на Утрински весник за неговото дело, романот „Бунар“, 2001; Награда „Св. Климент Охридски“, 2019; Награда „Браќа Миладиновци“ на Струшките вечери на поезијата 2023.

Наводи

Надворешни врски Официјално мрежно место на Димитар Башевски

Категорија:Луѓе од Ѓавато (Битолско) Категорија:Живи луѓе Категорија:Македонски писатели Категорија:Македонски преведувачи Категорија:Македонски новинари Категорија:Југословенски писатели Категорија:Југословенски преведувачи Категорија:Југословенски новинари Категорија:Добитници на наградата „11 Октомври“ Категорија:Добитници на наградата „13 Ноември“ Категорија:Добитници на наградата „Св. Климент Охридски“ Категорија:Добитници на наградата „Браќа Миладиновци“ Категорија:Апсолвенти на Филозофскиот факултет - Скопје Категорија:Македонски романописци