Аспиринот е познат и под името ацетилсалицилна киселина. Аспиринот често се користи како аналгетик, како антипиретик и како антиинфламаторен лек.

Потврдено е дека доколку мали количества на овој лек се дадат на пациенти кои претрпеле срцев напад се намалува ризикот од брзо добивање на уште еден напад.

Контраиндикации Аспиринот не треба да го користат пациенти со: хиперсензитивност кон аспиринот и други салицилати акутен чир на желудникот или дванаесетпалечното црево хеморагиска дијатеза истовремена употреба на метотрексат

Механизам на дејство Дејството на аспиринот се должи на иреверзибилната инхибиција на циклооксигеназата, ензим којшто учествува во синтезата на простагландините.

Во помали дози (75–300 mg дневно) ја инхибира агрегацијата на тромбоцитите преку блокирање на синтезата на тромбоксан А2 во нив.

Фармакокинетика Ацетилсалицилната киселина е слаба киселина, и многу мала количина од него се наоѓа во јонизирана состојба во желудникот после орална администрација. Брзо се апсорбира низ клеточната мембрана при кисели услови во желудникот. Поголемата pH и поголемата површина во тенкото црево предизвикува побавна апсорпција, бидејќи поголема количина од лекот се наоѓа во јонизирана форма. При предозирање аспиринот се апсорбира многу побавно поради формирањето на конкреции, а плазматската концентрација продолжува се зголемува и до 24 часа после ингестијата.

Историја Растителни екстракти, вклучувајќи и од кората на врба, во кои активна компонента е салицилната киселина уште од антички времиња било познато дека ја ублажуваат главоболката, болката и треската.

Во 1971, британскиот фармаколог Џон Роберт Вејн покажал дека аспиринот ја супресира продукцијата на простагландини и тромбоксани. За ова откритие бил награден со Нобелова награда за физиологија или медицина во 1982, заедно со Суне Бергстром и Бент Ингемар Самуелсон.

Литература

Надворешни врски

NextBio Aspirin Entry Colour-enhanced scanning electron micrograph of aspirin crystals The History of Aspirin How Aspirin works The science behind aspirin Take two: Aspirin, New uses and new dangers are still being discovered as aspirin enters its second century. Shauna Roberts, American Chemical Society

Категорија:Нестероидни антиинфламаторни лекови Категорија:Салицилати Категорија:Германски пронајдоци Категорија:Неопходни лекови според Светската здравствена организација Категорија:Хепатотоксини Категорија:Ацетатни естри