Средишница — шаховски поим кој се однесува на фазата во партијата што настнаува веднаш по отворањето, а пред последната фаза — завршницата. Трансформацијата во завршница обично настанува по размена на дамите, иако доколку на таблата останат некои фигури може и понатаму да се зборува за средишница и покрај отсуството на дамите. Средишницата може да трае голем број на потези, но понекогаш само неколку, кога од отворањето се преминува директно на завршницата, што обично е случај доколку дојде до масовна размена на фигурите.
Средишницата се одликува со тоа што, во неа, противниците се обидуваат да ја засилат својата позиција, притоа обидувајќи се да ја ослабнат позиција на противникот. Оваа фаза се одликува со позиционирање на фигутите на полиња, од коишто би можеле да бидат корисни во организирањето на понатамошните напади или одбрани.
Теоријата на средишницата е послабо развиена и анализирана од онаа на отворањата. Тоа е поради фактот што позициите кои настануваат во средишницата се единствени од партија до партија, па меморирањето на варијантите е невозможно како во отворањето. Анализите во оваа фаза од развојот на партијата се однесуват на соодветни елементи значајни во играта, коишто му овозможуваат на шахистот да дојде до правилна оценка на позицијата, да може да ги пресмета наредните потези и да заклучи до каква позиција води секоја одделна комбинација.
Елементи во средишницата
Анализите на средишницата претставуваат анализа на група елементи, кои имаат решавачко влијание во карактерот на позицијата на таблата, а дел од нив се земаат предвид и во желбата правилно да се оцени позицијата.
Во своето дело „Средишница. План“, рускиот меѓународен мајстор и познат шаховски автор Петар Романовски, врши анализа на планот за игра во средишницата, а како три најзначајни фактори ги зема општата методолодија, полето и линијата.
За разлика од него, американскиот велемајстор Рубен Фајн, во своето дело „Средишницата во шахот“, зборува за фактори, кои влијаат на средишницата, а како такви ги наведува: безбедноста на кралот, соодносот на силите и мобилизираноста на фигурите.
Постојат и други согледување за средишницата и нејзините елементи и стратегии, но како најзначајни елементи кои треба да се земат предвид во анализите и најзначајните стартегии кои треба да се спроведат се соодносот на силите, борбата за центарот, положбата на кралот, борбата за отворените линии, борбата за силните полиња, создавање на слабости во позицијата на противникот и организација на напад кон противничкиот крал.
Соодносот на силите Соодносот на силите го претставува односот на збировите од бодовните вредности на шаховските фигури. Страната која има поголема бодовна вредност се вели дека има материјална предност. Според Фајн, секоја материјална предност, па дури и само едејн пешак може да биде одлучувачка. Тој смета дека, материјалната предност обично не доведува до директен матен напад, доколку не е многу голема (топ или повеќе), но таа може да послужи како знак за стекнување на поголема материјална и одлучувачка предност во завршницата.Reuben Fine: „The Middle Game in Chess“. Општоприфатено е дека значењето на материјалната предност, најчесто е прогресивно во развојот на партијата, па така нејзиното значење е најмало во отворањето, а најголемо во завршницата. Тоа е така поради тоа што, кога на таблата има поголем број на фигури, бодовната вредност на фигурата не е релевантен показател за позицијата, односно најголемо значење има активноста на фигурата.
Во средишницата е општопознато дека страната која има поактивни фигури, поголеми изгледи за напад има и положбена предност. Значењето на положбената вредност е поголемо од значењето на материјалната предност во средишницата. Во средишницата, како преодна фаза од отворањето кон завршницата се настојува да се обезбеди материјална предност при т.н. положбена еднаквост, што би овозможило лесна реализација во завршницата. Страната со материјална предност, стекната уште во отворањето или почетокот на срединицата, настојува преку размена на фигурите, средишницата да биде кратка и во завршницата да дојде до лесна реализација.
Борба за центарот
Центарот го сочинуваат полињата d4, d5, е4 и е5 од шаховската табла. Уште од најраните проучувања и анализи на шаховската игра, потврдено е дека шахистот кој успеал да звладее со центарот се стекнува со положбена предност. Логиката на ова тврдење е јасна. Шахистот, кој го зазел центарот, контролира поголем дел од таблата, неговите фигури во центарот се активно распоредени, имаат поголема слобода во играта и се синхронизирани или лесно може да се синхронизираат со останатите фигури (многу е полесно една фигура да се приклучи во нападот, кој е организиран на некое од двете крила, доколку истата се наиоѓа во центарот, отколку на спротивното крило). Во спротивно, фигурите кои се оддалечени од центарот, не ја постигнуваат контролата на максимален број на полиња на таблата, со тоа се попасивни од фигурите во центарот, делуваат помалку синхронизирано и е потребно време за да може да се вклучат во игра.
Поради важноста на центарот, уште во отворањата се вршени анализи, за тоа кој начин е најдобар за контрола на центарот.
Отворените и затворените отворања, овозможуваат рамноправна борба за центарот, со негово заземање со пешаците од двете страни. Најголем дел од шаховските партии започнуваат на овој начин, така што во средишницата може да дојде до целосно разрушување на центарот, или пак до згуснување, односно целосно заземање и засилување на контролата. Во првиот случај, станува збор за отворена позиција, а во вториот за зтворена, која се одликува со долготрајна средишница, при што партијата се заснова на играта во центарот.
Полуотворените отворања и затворања се карактеристични со заземање на центарот од едната страна (белиот) и негова контрола од крилата од другата страна (црниот). Во овие групи на отворања има и некои, во кои црниот се воздржува од заземање на центарот цо првиот потег и со цел добро да се поткрепи тоа го прави во вториот потег. Средишницата по овие отворања, најчесто се одликува со положбена онтрола на центарот, поради негово рано разрушување. Постојат, но во помал број варијанти кои се одликуваат со заземање на центарот во средишницата, кои настанале од овие групи на отворања.
Крилните отворања овозможуваат индиректна контрола во центарот. Со овие отворања, најчесто белиот, но понекогаш и двајцата противници се воздржуваат од рано заземање на центарот. Ова резултира со средишници, во кои белиот има улога, која ја има црниот во средишници, кои настанале по полуотворените и полузатворените отворања.
Положба на кралот
Во почетната позиција кралот се наоѓа на центарот на таблата. Со секое поместување на пешаците (особено централните), кралот е поотворен, при што се зголемува опасноста од напади. Кога на таблата има многу фигури, кралот е изложен на многу опасности, па затоа не се препорачува негово присуство во бојот.Ј. Авербах и М. Бејлин: „Шаховски самоучител“, Советская Россия, Москва, 1970, стр. 41 Кога на шаховската табла има многу фигури, тогаш и контролата на полињата е повеќекратна, особено на оние во центарот. Затоа, уште во фазата на отворањето, од обете страни се настојува соодветно засолнување на кралот. Ова овозможува во средишницата, кога најголемиот дел од фигурите се развиени, на кралот да му се обезбеди позиција, на која нема да биде изложен на напади.
Во шаховската практика, најчесто обезбедувањето на положбата на кралот се постигнува со рокада. Во шахот постојат мала и голема рокада, односно рокада на кралското и рокада на дамското крило. Идејата на ртокадата е да се овозможи развој на пасивните топови, а кралот да се засолни во близина на аголот на таблата, односно дел од таблата, кој не е мета на напад на противничките фигури. Сепак, рокадата го заштитува кралот, но не гарантира негова безбедност.Ј. Авербах и М. Бејлин: „Шаховски самоучител“, Советская Россия, Москва, 1970, стр. 42 По рокадата, противникот ќе настојува да организира напад н крилото, на кое кралот е засолнет и со своите фигури да врши притисок врз негвата заштита и да подготвува матни закани. Здравата логика вели дека најдобро е да се рокира на она крило, каде има помала честота на противничките фигури, со што на противникот би му било потребно време да ги пренесе фигурите и да организира напад. Сепак, врз правилното засолнување на кралот влијаат и други фактори, како што се можностите за обезбедување сигурна заштита, напаѓаките амбиции, пешачката структура и др. Во шаховската теорија, со сите анализи, рокадата е составен дел на речиси сите отворања и истита се врши уште во првите неколку потези.
Борба за отворените линии
На шаховската табла постојат три видови линии: вертикали, хоризонтали и дијагонали. Вертикалите служат за пренос на тешките фигури во противничкиот лагер, хоризонталите за нивно пренесување од едно крило на друго, а дијагоналите за обезбедување на контрола на некои полиња, но и создавање на матни удари, со помош на ловецот и дамата.Петар Романовски: „Средишница. План“, Физкултьура и спорт, Москва, 1960, стр.59
Борбата за отворените (линии на кои нема ниту еден пешак) и полуотворените линии (линии на кои има само еден пешак) е од особено значење. Обезбедувањето на контрола на една отворена линија без борба е невозможно.Ј. Авербах и М. Бејлин: „Шаховски самоучител“, Советская Россия, Москва, 1970, стр. 63 Поради тоа, едната страна е принудена да ја оневозможи противничката страна, прва да завладее со отворената линија. Тоа се обезбедува со контрола на полето, на кое се обезбедуива контрола нз позицијата, добивање на предност во облик на темпо и предизвикување на несигурна положба на кралот.
Со контрола на цела линија, се овозможува контрола на голем број на полиња, брза синхронизација на фигурите, поголеми можности за напад, брза и лесна организација на напад и др. Како особено значајна предност е и тоа што контролата на отворените линии им овозможува на фигурите само со еден одигран потег да ја заменат одбранбената функција со напаѓачка и обратно. Искористувањето на отворените линии (најчесто дијагоналите) може да резултира со создавање на батерија, која претставува силно напаѓачко оружје во шахот.
Во бобрата за отворените линии, треба да се напомене дека спаѓа и оневозможувањето на противникот да завладее со некоја отворена линија. Контролата на противникот на некоја отворена линија, може да му овозможи да организира контраигра.
Борба за силните полиња Борбата за силните полиња е со еднакво значење како и борбата за центарот и бобрата за отворените линии. Во развојот на шаховската партија, со секој одигран потег некои полиња се ослабнуваат, а некои се засилуваат. Силното поле за противникот претставува слабост, која сепа за да има ефект потребно е да се искористи.
Обезбедувањето на силните полиња, може да биде со нивна контрола и нивно заземање. Најчесто контролата на силните полиња е проследена со нивно заземање. Контролата може да се јави во вид на контрола на слободно поле и контрола на пункт.
Контролата на слободно поле, всушност претставува надмоќ на точно определено поле, кое е обезбедено за заземање нод страна на некоја фигура. Успехот на овој вид на контрола резултира со заземање на полето. Најдобро е , неговото заземање да биде што побрзо, бидејќи можни се промени во позицијата, кои може да доведат до контраконтрола.
Контролата на пункт, всушност претставува напад на некој пешак, поретко фигура. Секогаш се настојува да се контролираат пунктовите, кои ја претставуваат заштитата на противничкиот крал, со што се создаваат матни закани.