Илиjа Наjдоски (роден на 26 март 1964 во Крушево) - поранешен југословенски и македонски фудбалер, кој играл во одбраната.

Животопис Тој е татко на Дино Најдоски. Професионална кариера Фудбалската кариера, Најдоски ја започнал во ФК „Победа“ од Прилеп, а потоа преминал во ФК „Вардар“. Тој бил дел од генерацијата на „Црвена Ѕвезда“, која во 1991 година го освоила Купот на европските шампиони, а потоа станала и светски клупски првак. Исто така, Најдоски играл и за Реал Ваљадолид, Денизлиспор, ЦСКА од Софија, а кариерата ја завршил во швајцарскиот Сион со кој станал шампион во лигата и освојувач на купот.

Најдоски ја извршувал функцијата технички менаџер на фудбалската репрезентација на Македонија, но во 2015 година, по поразот од репрезентацијата на Белорусија, тој си поднесол оставка.„Ѓуровски заминува спогодбено или со отказ?“, Дневник, година XIX, број 5736, вторник, 7 април 2015, број, стр. 22-23.

Титули Црвена Ѕвезда Југословенско првенство (3) : 1989-1990, 1990-1991, 1991-1992 Куп на Југославија (1) : 1989-1990 Куп на шампиони (1) : 1990–1991 Интерконтинентален куп (1) : 1991

Сион Швајцарско првенство (1) : 1996-1997 Куп на Швајцарија (1) : 1996-1997

Наводи

Категорија:Живи луѓе Категорија:Фудбалери на ФК Победа Категорија:Фудбалери на ФК Вардар (Скопје) Категорија:Фудбалери на ФК Црвена Ѕвезда Категорија:Фудбалери на ФК Реал Ваљадолид Категорија:Фудбалери на ФК Денизлиспор Категорија:Фудбалери на ПФК ЦСКА (Софија) Категорија:Фудбалери од Крушево Категорија:Родени во 1964 година Категорија:Југословенски фудбалери