мини|десно|Личен грб на Дејвид Селар. Дејвид Селар (, - ) — шкотски адвокат и грбовен службеник. Дипломирал историја на Оксфордскиот универзитет и право на Единбуршкиот универзитет. Правник од 1966 г. Во 1968 се вработил во Правниот факултет на Единбуршкиот универзитет каде е почесен член. Има издавано литература на тема владетелството на островите и за потеклото на многубројни семејства од Шкотските Гори (т.н. „Хајлендери“), меѓу кои и клановите Кемпбел, Мекдоналд, Мекдугал, Меклауд, Ламонт, Меклахлан, Мекнил и Мекникол. Членувал во Одборот за древни знаменитости на Шкотска и бил потпретседател на Друштвото на старинарите на Шкотска. Служел и во Советот на Шкотското генеалошко друштво и Хералдичко друштво на Шкотска. Ја вршел хералдичката функција Персевант Бјут од 2001 г. Во 2008 г. бил назначен за грбовен крал Лорд Лајон, што е врховниот хералдичка функција во Шкотска, и на неа се задржал до 2013 г. Со завршувањето на службата, во 2014 г. бил награден со Кралскиот викторијански орден По пензионирањето, му била доделена титулата Вонреден хералд Ајла.
Починал на 26 јануари 2019 г. Погребан е во крематориумот „Вористон“ во Единбург, по што следел прием во библиотеката „Плејфер“ Единбуршкиот универзитет.https://announcements.johnstonpress.co.uk/obituaries/scotsman-uk/obituary.aspx?n=william-hamilton-sellar-david&pid=191465540
Наводи
Надворешни врски Универзитетска биографија Соопштение на страницата „Шкотска хералдика“ Новости од Владата на Шкотска
Категорија:Шкотски грбовни службеници Категорија:Апсолвенти на Оксфордскиот универзитет Категорија:Историчари на правото