Маите се централноамериканска цивилизација, значајни по целосно развиениот пишан јазик од пред-колумбискиот период, но и според нивната архитектура, уметност, математичките и астрономските системи. Оваа цивилизација своите почетоци го забележала во пред-класичниот период (2000 п.н.е. до 250), додека пак врвот на својот развиток Маите го забележале за време на класичниот период (од 250 до 900 година) и продолжил во пост-класичниот период па сè до доаѓањето на Шпанците во Америка. Во својот најголем подем, областа каде живееле била најгусто населена област во светот во тоа време.
Маите споделуваат голем број на заеднички особености со останатите централноамерикански цивилизации поради високиот степен на соработка помеѓу народите. Календарот, писмото и епиграфијата не потекнуваат од Маите, но тие ги развиле потполно. Територијата на Маите се протегала од Хондурас, Ел Салвадор, Гватемала па сè до централно Мексико. Маите како народ никогаш не исчезнале, ниту за време на класичниот период ниту пак со доаѓањето на Шпанците во Америка. Денес, Маите и нивните наследници сочинуваат значителен процент од населението во нивниот регион, Ел Салвадор, Мексико, Хондурас и Гватемала. Голем број на мајански јазици и денес се зборуваат.
Територија десно|300px|мини|Територијата на која се протегала Мајанската цивилизација
Мајанската цивилизација се протегала на територија која често се нарекува „мајанска територија“ и таа ги опфаќа јужните делови на Мексико (сојузните држави Чијапас, Табаско, Јукатан, Кинтана Ро и Кампече), Гватемала, Белиз, Ел Салвадор и западен Хондурас.
Територијата опфаќа различен вид на релјеф, од планинските предели на Сиера Мадре до рамниците на Јукатан. Климата во овој регион варира и најчесто има урагани и тропски бури од околните океани и мориња.
Мајанската територија е подделена на три зони: јужни мајански планински предели, јужни или централни мајански рамничарски предели и северни мајански рамничарски предели. Јужните мајански планински предели се наоѓаат во Гватемала, јужните рамничарски предели се северно од планинските предели во мексиканските држава Кампече и Кинтана Ро, Белиз, Гватемала и Ел Салвадор. Северните рамничарски предели се наоѓаат во државата Јукатан во Мексико.
Историја
Предкласичен период
Мајанската територија била населене во 10 век п.н.е. Скорешни откритија во Белиз забележале мајанско населено место кое датирало до 2600 п.н.е.http://www.nature.com/nature/journal/v260/n5552/abs/260579a0.htmlhttp://ambergriscaye.com/pages/mayan/mayasites.html Сепак, пошироко е прифатена тезата дека маите ги населиле тие простори во 1800 година п.н.е. во регионот Соконуско. Овој период познат како ран предкласичен период е својствен по појавата на грнчарството.
Важни мајански градови во јужните рамничарски предели се Накбе, Ел Мирадор, Кивал и Сан Бартоло. Покрај овие, градовите Изапа, Такалик и Чокола во 600 п.н.е. биле главните производители на какао. Првиот мајански натпис датира од овој период. поточно од 250 п.н.е.
Помеѓу научната јавност постои несогласување околу прашањето до каде се протегале физичките, а до каде културните граници на Маите. Во натписите од овој период се забележува заемно влијание помеѓу Маите и околните антички цивилизации.
Класичен период мини|350px|десно|Рушевини во Паленке.
Класичниот период (од 250 до 900 година) е период на голем развој на мајанската цивилизација, висок степен на урбанизација, градење на споменици и натписи и ова е период на значаен интелектуален и уметнички развој, особено во јужните предели на мајанската територија. Тие го развиле земјоделството и се развиле повеќе независни градови-држави. Такви значајни градови-држави биле Тикал, Паленке, Копан и Калакмул, но исто така опстојувале и некои помали како на пример Дос Пилас, Уашактун, Алтун Ха и Бонампак. Северните предели не се многу познати за денешната наука како јужните, но сепак тука се откриени значајните Ошкинток, Чунчукмил и Ушмал.
Најзначајните спомениви се скалестите пирамиди. Тие биле градени во религиозните центри заедно со палатите на владетелот на кралството. Палатата во Канкиен е најголема, иако огромното археолошко наоѓалиште нема пирамида. Покрај палатите и пирамидите, знчајни се изгравираните камени плочи наречени стели или на мајански тетун, на кои се пишувал текст со мајанско писмо со различна тематика.
Мајанската цивилизација учествувала долг период во трговијата во Средна Америка и општела со околните цивилизации: Теотивакан, запотечка цивилизација и останати околни цивилизации, како од Средна Америка така и од Карибите. Исто така, археолозите пронашле злато од Панама во Чичен ИцаВиди Coggins (1992).. Маите тргувале во какао, сол, морски школки и жад.
Падот на Маите
Поради сè уште непознати причини, мајанските градови од јужните предели пропаднале во 8 век и 9 век и накратко биле комплетно напуштени. Падот бил проследен и со значително намаление на создавање на мајански натписи. Иако сè уште нема општоприфатлива теорија за причините и падот на Маите, денешните историчари и научници имаат создадено повеќе теории за овој феномен и се делат во две групи: еколошки и нееколошки причини.
Нееколошките теории за падот на Маите се подделени на неколку поткатегориим како на примнер, пренаселеност, странски напад, револт на населението и пад на клучните трговски патишта. Еколошките хипотези за падот на Маите се делат на еколошки катастрофи, зарази и климатски промени. Како и да е, има докази дека Маите се соочувале со потешкотии во земјоделството, а особено имале проблеми со ловот. Некои научници излагаат со понови теории за 200 годишна суша во тој регион што резултирала со колапс на Мајанската цивилизација. Теориите за сушата се засноваат на истражувања на почвата околу копнените водени површини и испитување на почвата воопшто.
Пост-класичен период
За време на пост-класичниот период (од 10 век до ран 16 век), развојот на северните градски центри продолжил и се одликува со зголемување на различноста во општествата и надворешни културни влијанија. Мајанските градови во Јукатан продолжиле со својот развој уште неколку векови после големиот пад на јужните предели и меѓу главните градови биле: Чичен Ица, Ушмал, Еѕна и Коба. По падот на владеачките династии во Чичен и Ишмал, Мајапан владеел со целиот Јукатан сè до револтот во 1450 година. Подоцна, ова кралство се намалило и опстојувало како град-држава сè до шпанската колонизација на Јукатан.
Маите од Ица, Ковох и Јалаин од Централен Петен го преживеале падот на класичниот период и до 1250 година се обединиле и создале градови-држави. Ица Маите како свој центар го имале Тајасал или познат како Нох Петен. Тој владеел со територијата околу езерото Петен. Ковох Маите за свој главен град го имале Киче и е познат по најголемиот извор на мајанска митологија, Попол Вух. Покрај овие, позначајни кралства биле оние на Мамите, Какчикелците, Чахомаците и ЧухцитеLove 2007, p.305. Sharer 2006, pp.621, 625..
Колонијален период
Кратко после неколку мали експедиции, Шпанците започнале воени походи за освојување на териториите на Маите и основале колонија на територијата на Маите во Јукатан и во Гватемала. Оваа кампања наречена Шпанска колонизација на Јукатан била тешка задача за шпанските конкистадори и им требало околу 170 години за да воспостават комплетна шпанска контрола на таа територија.
За разлика од Ацтеките и Инките, Маите немале еден единствен политички центар, што би овозможило Шпанците со еден напад да ја освојат цела територија. Наместо тоа, Шпанците биле приморани да ги освојуваат секој град-држава поединечно. Повеќето од колонизаторите биле мотивирани од идејата дека ќе пронајдат големо богатство во освоените градови како на пример злато и сребро, но сепак мајанските предели биле сиромашни. Но тоа не влијаело демотивирачки, туку Шпанците се заинтересирале за освојување на другите империи во Перу и Мексико.
Шпанската црква и шпанските власти ги уништиле мајанските записи и со тоа за секогаш го уништиле знаењето на Маите. За среќа зачувани се три книги од класичниот мајански период"The Ancient Maya", Robert J. Sharer, Loa P. Traxler Contributor Loa P. Traxler, p126, Stanford University Press, 2006, ISBN 0-8047-4817-9. Последните мајански кралства Тајасал и Закпетен биле освојувани и ослободувани сè до 17 век кога подоцна биле засекогаш уништени во 1697.
Мајанска уметност
мини|150 px|десно|Приказ на Упакал Кинич пронајден во Паленке. Според голем број на реномирани научници и уметници, уметноста на Маите е најсофистицираната и најубавата уметност од сите антични култури од „Новиот Свет“. Резбите и цртежите од Паленке и статуите од Копан се најдобрите дела од уметноста на Маите бидејќи има голема прецизност при претставувањето на човековите фигури. Од сликарството има многу малку останато, претежно сликање на керамика бидејќи само тоа опстоило низ вековите. својствена сина боја е зачувана до ден денес поради хемиските состојки на бојата и е наречена мајанска сина боја. Користењето на бојата било присутно до 16 век кога техниката е загубена за денешната наука.
Архитектура
Како една од уникатните стари архитектури, мајанската архитектура се развивала и опстојувала повеќе илјадници години. Најпознатите својствено мајански градби се скалестите пирамиди од пред-класичниот мајански период и порано. Покрај нив има и археолошки наоѓалишта во пештери кои биле или се важни за Маите. Такви пештери се Холха, Нах Тунич, Канделарија и Пештерата на вештерката. Некои од старите пештери се користат и денес од Маите во Чијапас, Мексико.
Меѓу научниците кружи теорија дека пирамидите биле обновувани секои педесет и две години во согласност со мајанскиот календар. Сепак ова било доста обичен феномен зошто старите градби побарувале обнова. Познати се пирамидите од Тикал, Јашха и Чичен Ица.
Урбанистички план
Како што мајанската цивилизација се протегала на различни релјефски предели, така урбанистичкиот план на градовите бил минимален. При градењето на градовите, Маите тежнееле да го создадат градот во склоп со природата и природните ресурси. Така на пример некои градови се изградени на рамни варовнички платоа (Јукатан), додека другите биле градени на ридови и импресивни височини.
Класичниот мајански период може полесно да се опише како простор на големи споменици и патеки. Големите плоштади биле центри за собирање на луѓето и тука бил фокусот на урбанистичкиот план, додека околниот предел бил на некој начин на втор план. Во доцниот пост-класичен мајански период градовите биле како тврдини, со безбедносни структури и со големи плоштади.
Како што градовите растеле поголеми, Маите ги правеле градовите во кардинален правец. Така, градовите се граделе покрај извори на вода или сеноти и главните плоштади биле поврзани со сакбеи.
Во срцето на големите мајански градови биле големите централни плоштади опколени со најважните владини и верски објекти како на пример кралската палата, пирамидата и средноамерикански стадиони. Бидејќи Маите обрнувале големо внимание на природата и религијата, тие ги граделе пирамидите во склопс со тогашното сфаќање на орбитата и останатите небесни тела.
Градежен материјал
Една од најзначајните и најимпресивните аспекти за мајанската цивилизација е тоа што тие граделе без некои денешни познати техники и начини на градба. Така тие немале животни за пренос на градежниот материјал, метални алатки и колични, па така изработката на сите конструкции побарувала голема човечка моќ и енергија. Сите канеми блокови кои ги користеле Маите при изработката биле црпени од локални околни каменоломи. Најчесто се користел варовникот, кој бил лесен за изработка дури и со камени алатки. Покрај готовиот варовник, Маите правеле и материјал кој е сличен со денешниот цимент, но направен од дробен варовник. Покрај варовникот Маите користеле и дрво за градење на обични куќи за живеење.
Значајни градби десно|рамка|Храм на крстот во Паленке.