Лос Анџелес Лејкерс () е еден од двата кошаркарски тимови од Лос Анџелес (Калифорнија), кои се натпреваруваат во НБА лигата. Лос Анџелес Лејкерс биле формирани во 1946, а две години подоцна, во 1948 тие се приклучиле кон НБА лигата. Екипата се натпреварува во Тихоокеанската дивизија од Западната конференција во американската национална лига.

Тие се најуспешната франшиза во НБА со 17 шампионски титули, исто колку што има и екипата на Бостон Селтикс.

Историја Екипата првично била сместена во Минеаполис, во сојузната американска држава Минесота. Во тоа време освоиле шест шампиоски прстени предводени од центарот Џорџ Мајкан, кој бил познат како првата „вистинска“ НБА ѕвезда. По повлекувањето на Мајкан раководството имало финансиски потешкотии, па затоа тие се преместиле во Лос Анџелес (Калифорнија), пред почетокот на сезоната 1960/61.

Во текот на 60-тите екипата шест пати се пласирала во големото финале, но секој пат губела од Бостон Селтикс. Тогаш за Лејкерс играле Џери Вест и Елџин Бејлор, додека за Бостон настапувале Бил Расел и Боб Кузи помеѓу останатите. Уште од тогаш датира големото соперништво помеѓу овие две организации. Кон крајот на декадата во клубот пристапил Вил Чембрлен, со кого Лејкерси загубиле две финалиња во 1969 и 1970, но затоа пак во 72′ првпат се радувале на титулата по преселбата во „Градот на ангелите“.

По пензионирањето на Вест и Чембрлен, во екипата дошол Карим Абдул-Џабар, но навивачите чекале на златниот пехар сѐ до појавувањето на Меџик Џонсон. Меџик и Џабар формирале легендарно дуо кое во 9 години дури 5 пати се закитило со престижниот трофеј. Во тие 5 титули спаѓаат две победи во финалето против лутите противници од Источна Америка, Бостон Селтикс (1985 и 1987). Составот бил предводен од тренерот Пет Рајли.

Во текот на 90-тите Лејкерси биле засенети од успехот на Чикаго Булс и шутерот Мајкл Џордан. Кон крајот на таа деценија во франшизата пристигнал трофејниот тренер Фил Џексон, а нешто пред него играчите Шекил О′Нил и Коби Брајант. Со нив организацијата направила шампионски „хет-трик“ во периодот 2000-2002. Во текот на новиот милениум следеле два пораза во финалињата 2004 и 2008 од екипите на Детроит Пистонс и Бостон Селтикс соодветно. Последните две победи во финалните серии биле во 2009 и 2010 последователно.

Играчи Моментален состав

Повлечени броеви thumb|right|200px|Карим Абдул-Џабар. 8 Коби Брајант, Б, 1996-2006 13 Вилт Чемберлен, Ц, 1968–1973 22 Елџин Бејлор, К, 1958-1971 24 Коби Брајант, Б, 2006-2016 25 Гејл Гудрич, Б, 1965-1968 и 1970-1976 32 Меџик Џонсон, П, 1979-1991 и 1996 33 Карим Абдул-Џабар, Ц, 1975-1989 34 Шекил О'Нил, Ц, 1996-2004 42 Џејмс Ворти, К, 1982-1994 44 Џери Вест, П, 1960-1974 52 Џамал Вилкис, П, 1977-1985 Чик Херн, коментатор, 1961-2002

Наводи

Надворешни врски

Lakers Nation - Вести за најновите случувања од Л.А.

Категорија:Клубови во НБА Категорија:ЛА Лејкерс