Конрад Херман Јозеф Аденауер (роден на во – починал на во ) — германски државник. Иако неговата политичка кариера траела 60 години, тој е најзабележителен по неговата улога како првиот канцелар на Западна Германија од 1949-1963 и претседател на Христијанската Демократска Унија (CDU) од 1950 до 1966 година. Тој е најстариот Канцелар кој некогаш и служел на Германија, почнувајќи ја својата служба на 73 годишна возраст и напуштајќи ја на 83 години. Само Хелмут Кол ја извршувал подолго функцијата Канцелар на Сојузна Република Германија (1982-1998) или 16 години, додека Ото фон Бизмарк ја извршувал подолг период функцијата Канцелар, но како Канцелар на Обединета Германија (1871-1890 во Вториот Рајх или Германското Царство под Прусија, која траело од 1871 до 1918).
Животопис Ран живот Конрад Аденауер е роден како трето дете од петте деца на Јохан Конрад Аденауер (1833-1906) и неговата жена Хелена (1849-1919) во Келн, Рајнска Прусија. Негови браќа и сестри биле Август (1879-1952), Јоханес (1873-1937), Лили (1879-1950) и Елизабет, која починала набргу по раѓањето во 1880 година. Во 1894 година матурирал и ги започнал студиите по право и политика на универзитетите во Фрајбург, Минхен и Бон. Бил член на неколку римскокатолички студентски здруженија како на пр. „K.St.V Арминија Бон“ во Бон. Ги завршил студиите во 1900 година. Потоа работел како адвокат во судот во Келн.
Почеток на политичката кариера
Како побожен римокатолик, во 1906 година и се приклучил на Централната партија и истата година бил избран во Советот на градот Келн. Во 1909 година станал заменик градоначалник на Келн. Од 1917 до 1933 година ја извршувал функцијата на Градоначалник на Келн. Тој имал непријатна задача да го води Келн во периодот на британската окупација по Првата светска војна со 1926 година. Успеал да воспостави вистински односи со британските воени авторитети и заговарал со Рајнскиот сепаратизам (Рајна, држава како дел од Германија, но надвор од Прусија). За време на Вајмарската Република бил претседател на Прускиот Државен Совет (Preußischer Staatsrat) од 1922 до 1933 година, кој бил претставнички Совет на пруските градови и покраини.
Кога Нацистите дошле на власт во 1933 година, Централната партија ги изгубила изборите во Келн и Аденауер побегнал во манастирот Марија Лах, бидејќи му се заканувала новата влада откако одбил да се ракува со месниот нацистички началник. Неговиот престој во овој манастир, кој траело една година бил наведен по војната од игуменот на манастирот, кога бил обвинет од Хајнрих Бел и други за соработка со нацистите.
Кратко бил затворен по Ноќта на Долгите Ножеви во средината на 1934 година. Во следните две години често го менувал местото на живеење поради стравот од репресалии против него од страна на нацистите. Во 1937 година бил успешен во добивањето некаква компензација за неговата некогаш запленета куќа и успеал да живее во изолација неколку години.
Според Алберт Шпир во неговата книга Шпандау: “Тајните дневници”, Хитлер му се восхитувал на Аденауер. Но и Хитлер и Спир чувствувале дека политичките погледи и принципи на Аденауер му оневозможиле да има улога во нацистичкото движење или да биде од помош на Нацистичката партија.
По неуспешниот обид за убиство на Хитлер во 1944 година, тој бил затворен по вторпат како противник на режимот. Гестапо не можел да ја докаже неговата поврзаност во заверата и бил пуштен неколку недели подоцна. Набргу по завршувањето на војната Американците повторно го поставиле за градоначалник на Келн, но британскиот раководител на воената управа во Германија, Џералд Темплер, го отпуштил поради како што кажал, наводна неспособност.
По Втората светска војна и основањето на CDU
thumb|left По неговото отпуштање како градоначалник на Келн, Аденауер се посветил на создавање нова политичка партија, Христијанско Демократската Унија, за која се надевал дека ќе ги опфати и протестантите и римокатолиците во една партија. Во јануари 1946 година Аденауер иницирал политичка средба на идната CDU во британската зона во улога на доајен (најстариот присутен маж, Alterpräsident) и неформално бил назначен за нејзин водач.
Аденауер работел неуморно за развивање на контактите и поддршката за CDU во следните неколку години и со успех што варирал се обидел да ја наметне својата посебна идеологија на партијата. Неговата идеологија била во предност од некои на CDU, кои сакале да ги спојат социјализмот и христијанството. За Аденауер приоритетно бил нагласувањето на достоинството на поединецот и ги зел во обзир погледите кон материјалниот свет на комунизмот и на нацизмот кои го повредуваат човековото достоинствоWilliams, p. 307.
Улогата на водач на CDU во британската зона му донела на Аденауер позиција во парламентарното Собрание во 1948 година, поканет од западните Сојузници да создадат устав за трите западни зони во Германија. Тој бил претседател на уставната конвенција и прескокнувајќи ја оваа позиција бил избран за претседател на владата кога новиот „Основен закон“ бил донесен во мај 1949 година Аденауер ја критикувал католичката хиерархија за недоволно критикување на нацистите, за ова тој бил цитиран во книгата „Мечот на Константин“ од Џон Корнвел.CORNWELL,John. Constantine's Sword, p. 515
Канцелар на Западна Германија
На федералните избори во Западна Германија во 1949 година, Аденауер станал првиот Канцелар на Сојузна Република Германија (германски: Bundeskanzelar) по Втората светска војна на 73 годишна возраст. На оваа позиција бил од 1949 и 1963 година, период кој покрива голем дел од почетната фаза на Студената војна. За време на овој период, повоената дивизија на Германија била зајакната со создавањето на две одделни држави, Сојузна Република Германија (Западна Германија) и Демократска Република Германија (Источна Германија). Првите избори за Собранието на Западна Германија биле одржани на 15 август 1949 година по што се покажало дека Христијанско Демократската Партија е најсилна политичка партија. Теодор Хојс бил избран за прв Претседател на Републиката, а Аденауер за прв Канцелар на 16 септември 1949 година. Тој ја формирал исто така новата „привремена“ престолнина на Сојузна Република Германија во Бон, која била само 15 километри оддалечена од неговиот роден град, наместо во Франкфурт на Мајна.
Кога бил задушен бунтот во секторот на Советскиот Сојуз во Германија во јуни 1953 година, Аденауер лесно бил повторно избран по вторпат за Канцелар со најголемо мнозинство за коалицијата на CDU/CSU можела и без FDP како партнер во владата. Бруталното задушување на револуцијата во Унгарија во 1956 година му овозможило да добие трет мандат како Канцелар во 1957 година со уште поголемо мнозинство. Но изградувањето на Берлинскиот ѕид и затворањето на границите со Источна Германија придонело неговата влада да изгледа слаба. Кога на изборите во 1961 година CDU/CSU морала повторно да коалицира со ФДП по губењето на мнозинството што го имале, Аденауер морал да вети дека ќе се откаже од функцијата Канцелар пред завршувањето на новиот мандат.
Достигнувањата на Аденауер го вклучуваат воспоставувањето на стабилна демократија во поразена Германија, трајно помирување со Франција, генерално политичко преориентирање кон Западот, обновувајќи го ограничениот но далекусежен суверенитет на Западна Германија цврсто интегрирајќи го со појавувањето на Евроатлантската заедница (НАТО и Организацијата за европска економска соработка). Аденауер е поврзан со создавањето на успешен пензиски систем, кој им обезбедил непаралелна благосостојба на пензионираните луѓе и кој со неговиот министер за економија и наследник Лудвиг Ерхарт со западногерманскиот модел на “социјална пазарна економија” (комбинирана економија со капитализам, ублажена со елементи на социјална благосостојба и католичко социјално учење), кој го овозможил успешниот период познат како Wirschaftswunder („“економско чудо”) и создал потполна благосостојба. На овој начин, Аденауер осигурил потполно слободно и демократско општество кое речиси било непознато за Германците и покрај повеќе или помалку безнадежниот обид од 1919 до 1933 година (Вајмарската Република) и кој денес не само што е нормален туку и е длабоко интегриран во модерното германско општество. На тој начин ги поставил темелите за повторно Западот да има доверба во Германија. Токму поради поранешната политика на Аденауер, подоцна се овозможило обединување на двете германски држави. Обединета Германија останала дел од Европската Унија и НАТО.
Сепак, современите критичари го обвинуваат Аденауер за цементирање на Германската дивизија, жртвувајќи го обединувањето и враќањето на териториите изгубени од Полска и Советскиот Сојуз поради брзо интегрирање кон Западот. За време на Студената војна се зазел за повторно вооружување на Западна Германија и задолжителна воена обврска како одговор на сличен процес во Источна Германија. Сталиновата порака во 1952 година понудила обединување на двете германски држави во една, неутрална, разоружана Германија што ќе влијае за повлекување на велесилата од Средна Европа. Според едно мислење Аденауер се сомневал како и западните Сојузници во искреноста на таа понуда и ги поддржал Сојузниците во нивните внимателни одговори, според другото мислење пак тој направил така бидејќи понудената неутралност и забраната за разоружување му ги растурил плановите да ги припои териториите што подоцна се отцепиле од Полска. Критичарите на Аденауер, особено на национален план го оптужиле дека ја пропуштил можноста за обединување на Германија. Истомислениците на Аденауер тврделе дека фактите од Студената војна, обединувањето и враќањето на изгубените територии не биле реални цели. И двете пораки на Сталин го опишувле задржувањето на постоечките „Потсдамски“ граници на Германија.
Други ја критикувале неговата доба како културно и политичко конзервативна, која барала целиот социјален и политички состав на Западна Германија да се заснова на поединечните погледи на една личност, која има одредена доза на недоверба во сопствениот народ. Неговата реизборна кампања ја концентрирал на слоганот „Без експерименти“.
Западногерманското студентско движење во 1960 година всушност бил протест против конзервативизмот што го застапувал Аденауер. Друг предмет на критика бил Аденауеровиот чин на помирување со Франција кој бил во потполн контраст со извесната индиферентност кон комунистичка Полска. Како и сите други поголеми западногермански политички партии на времето, ЦДУ одбила да го признае приспојувањето на поранешните германски територии што и ги дала Советскиот Сојуз на Полска и отворено зборувал за враќање на овие територии по зајакнувањето на позицијата што ја имала Западна Германија во Европа.
Гледајќи наназад, во голем дел позитивните проценки за време на неговиот мандат, не само германската јавност која во 2003 година на телевизиска анкета го избрала за „Најголемиот Германец на сите времиња“, дури и некои денешни левоориентирани интелектуалци, кои го величеле неговото безусловно дело како западен стил на демократија и европска интеграција.
Дополнителни акции како Канцелар
thumb|Аденауер со мајката на германски воен заробеник донесен дома во 1955 од Советскиот Сојуз, поради Аденауеровата посета на Москва. Во септември 1955 година одржува историски говор во Будестагот во кој тој ја признава должноста на германската влада да му надомести на Израел како главен претставник на Евреите за Холокаустот. Ова започнал процес кој доведе до тоа Бундестагот да одобри договор помеѓу Израел и Германија во 1953 година давајќи ги во кратки црти оштетите кои Германија би ги платила на Израел. Помогнал во безбедно ослободување на последните германски затвореници од војната во 1955 година, декада по завршувањето на војната. Отворил дипломатски односи со СССР и останатите народи на Источниот блок, но одби да ја признае Источна Германија.