Бременост () — развивање на еден или повеќе плодови во матката на жената, познати како фетус или ембрион (зародиш_. Повеќеплодова бременост е можна како што е случајот со близнаци или тројка. Бременоста кај човекот е повеќе проучувана за разлика од бременоста кај цицачите. Гинекологија и акушерство е хируршка област што ја проучува и се грижи за високо ризичната бременост. Медицинските сестри (народно познати како бабици) се дел од нехируршката област која води сметка за бременоста и бремените жени.
Породувањето се случува околу 38-та гестациска недела или приближно 40 недели од последниот нормален менструален период на жената. Медицински, за нормален датум за породување се смета доколку тој се паѓа во текот на 14 дена пред или по пресметаниот датум. Пресметувањето на овој датум ја вклучува претпоставката за редовен менструален период после секои 28 дена. Според тоа бременоста трaе речиси девет месеци. Во медицинската заедница, точната дефиниција на англискиот збор бременост е предмет на политичка контроверзност, не и на суштинска контроверзност.
Терминологија
Еден од научните термини за состојбата бременост е гравидитет, а бремената жена понекогаш е позната и како гравидна. Ниту еден од овие зборови не се употребува во секојдневниот говор. Слично, терминот паритет (скратено пара) се користи за бројот на претходно живи родени деца. Медицински, жена која што никогаш не била бремена се нарекува ,,негравидна’’ додека со секоја наредна бременост, жената е позната како ,,мултигравидна’’ или ,,мултипара’’.[medical-dictionary.thefreedictionary.com/nulligravida The American Heritage Medical Dictionary Copyright] (definition of nulligravida).Merriam-Webster's Medical Dictionary (definition of nulligravida). Според ова, жена која е бремена по вторпат се означува како „гравидитет 2, пара 1“ а по породувањето како „гравидитет 2, пара 2“. Недоносената бременост причинета од абортуси, пометнувања или раѓања на мртвороденче, придонесува до намалување на вредноста на паритетот за разлика од бројот на гравидитет. Од друга страна пак, повеќеплодовите раѓања би ја зголемиле вредноста на паритет. Жените кои имале спонтани абортуси пред или до 20-та недела од бременоста се нарекуваат нултипарни. Медицинскиот термин за жена која е бремена за првпат е „примигравидна“., page 596.
Поимот ембрион се користи за да го означи развојот на плодот за време на првите осум недели од зачетокот, а терминот фетус се користи за периодот од околу вториот месец од развојот на плодот, па сè до породувањето.
Во повеќе медицински или правни дефиниции на општеството, човековата бременост прилично произволно е поделена на три тримесечја, како начин за поедноставно посочување на различните периоди од преднаталниот развој. Во првото тримесечје најголем е ризикот од пометнување на плодот (природна смрт на ембрионот или фетусот). За време на второто тримесечје, развојот на фетусот може полесно да биде следен и дијагностициран. Честопати почетокот на третото тримесечје се приближува кон фазата на согледување на отпорноста односно способноста на фетусот да преживее надвор од матката, со или без медицинска помош.
Развој мини|центар|900п|Фази на бременоста
Зачнување
Бременоста настанува како резултат на пенетрација на женската јајце-клетка или ооцит од страна на гаметот на мажот, т.е. сперматозонот, во процесот којшто во медицината се нарекува оплодување или обично познат како ,,забременување’’. Веднаш по оплодувањето настанува нова клетка т.е. зигот. Соединувањето на машкиот и женски гамет вообичаено настанува преку полов однос. Како и да е, појавата на вештачко оплодување и вонтелесното оплодување, исто така се покажа успешна во случај кога преку полов однос не доаѓа до оплодување (на пр. по желба или во случај на стерилност кај мажот/жената.)
Преднатален период
Како преднатален се означува периодот околу породувањето, поточно од 22 гестациски недели (154 дена), до полни 7 дена по породувањето.
Правните прописи во различни земји ја вклучуваат гестациската возраст од 16 до 22 недели (5 месеци) пред породувањето.
Постнатален период
Постнаталниот период започнува веднаш по породувањето и трае до 6-от месец после породувањето. За време на овој период, телото на мајката се враќа во претходната состојба, а истото се однесува и за големината на матката и нивото на хормони.
Должина на бременоста Очекуваниот датум за породување (ПДП) е по 40 недели, сметајќи од последната менструација. Породувањето се случува помеѓу 37-та и 42-та недела. Бременоста вообичаено трае точно 38 недели по зачнувањето. Иако бременоста започнува по оплодувањето, попрактично е да се смета од првиот ден на последната менструација на жената, или од датата на зачнување ако се знае. Последниот датум за породување може да се пресмета со една од овие дати. Основата на правилото на Наегел за процена на датумот за породување е 40 недели т.е. девет месеци и шест дена. Поточните и пософистицирани алгоритми земаат предвид други променливи, на пример дали станува збор за прво или второ дете (т.е. бремената жена е прворотка или не), етничка група, возраста на родителот, должината на менструалниот циклус и менструалната редовност.
Породувањето се случува по 37-та недела, но не порано од 42-та (помеѓу 259 и 294 денови сметани од последната менструација). Бебињата родени пред крајот на 37-та недела (259 дена) се сметаат за недоносени, а оние родени по 42-та недела (294 дена) се сметаат за преносени. Кога бременоста трае повеќе од 42 недели (294 дена) ризикот од компликации за жената и фетусот значително се зголемува. Поради тоа, во случај кога бременоста е некомплицирана, т.е. во периодот помеѓу 41-та и 42-та недела, гинеколозите вообичаено претпочитаат да го предизвикаат породувањето.
Последната медицинска литература ги претпочита термините недоносено за предвреме родено и преносено во случај на пречекорување на терминот. Недоносено и преносено се јасно дефинирани погоре, додека предвреме родено и родено по 42-та недела имаат историско значење и повеќе се однесуваат на големината и состојбата на развојот отколку за должината на бременоста.
Помалку од 5% од породувањата се случуваат во последниот термин, 50% од породувањата се случуваат во текот на неделата на последниот термин и речиси 90%, 14 дена пред или по пресметаниот термин.Dr Sally Tracy, Having a Great Birth in Australia ed. David Vernon, Australian College of Midwives, 2005, p22 Далеку покорисно е дотогаш да се имаат предвид повеќе термини, отколку само еден определен ден, на пример, неколку пресметани последни термини со помош на онлајн калкулатори кои ни ја даваат оваа информација.
Точното датирање на бременоста е особено важно бидејќи се користи за пресметување на резултатите од различни пренатални тестови (трикратните тестови). Гинекологот може да реши да предизвика породување (со провокација) доколку забележи дека фетусот е преносен. Освен тоа, доколку според последниот менструален период и датирањето од ултразвукот се предвидуваат различни соодветни термини (со датирањето од ултразвукот земено како последен термин), може да се однесува на забавен ембрионален раст, и поради тоа повнимателен преглед е потребен.
Породување
Породувањето претставува нормален природен процес кај жените со кој се раѓа дете. Многумина сметаат дека породувањето претставува почеток на нов живот. Во повеќето култури, возраста релативно се дефинира во согласност овој процес.
Породувањето започнува со појавата на контракциите на матката кои се повторуваат во правилни временски интервали, заедно со промени на нејзиниот цервикс-првично скратување и раширување. Иако, општо прифатено е дека породувањето е болен процес, некои жени имаат безболно породување, други пак сметаат дека концентрирањето на породувањето помага за забрзување на истото и олеснување на возбудата. Повеќето вагинални породувања завршуваат успешно, но доколку дојде до зголемување на компликациите, тогаш се прави царски рез.
Мајката и бебето хормонално се поврзани и по породувањето преку ослободување на окситоцин од страна на мајката, хормон кој се ослободува преку доењето.
Дијагноза
Бременоста може да биде откриена на различни начини, од страна на бремената жена без никакво медицинско тестирање или преку медицински тестови со или без помош на доктор.
Повеќето бремени жени имаат одредени симптоми кои укажуваат на бременост. Такви симптоми се гадење и повраќање, прекумерна поспаност и умореност, желба за определена храна која што порано не и била толку омилена на бремената и често мокрење, особено во текот на ноќта.
Определен број на рани медицински знаци се поврзуваат со бременоста. Овие знаци вообичаено се појавуваат во првите неколку недели од зачнувањето. Иако не секогаш сите знаци се присутни, ниту пак истите се дијагностицирани, сите заедно ја формираат дијагнозата за веројатна бременост. Вакви знаци се присуството на хуман хорионски гонадотропин (hCG) во крвта и урината, задоцнет менструален период, мало крвавење за време на 3-та или 4-та недела од последната менструација како резултат на имплантација-нидација на ембрионот во матката, постојано зголемена базална телесна температура во период од две недели по овулацијата, знакот на Чадвик, (потемнување на грлото на матката, вагината, и вулвата), знакот на Гуделс, (омекнување на вагиналниот дел на грлото на матката), знакот на Хегар (омекнување на утерус истимус), и пигментирање на белата линија на абдоменот (потемнување на кожата на средната линија на абдоменот, причинето од хиперпигментација која резултира од хормоналните промени, вообичаено се појавува во средината од бременоста).
Бременоста може да биде откриена со помош на различни тестови за бременост со кои се препознаваат хормоните создадени од страна на новоформираната плацента. Со клиничките тестови преку крв и урина, бременоста може да се открие веднаш по имплантацијата, односно од 6 до 8 дена по оплодувањето. Тестовите за откривање бременост преку крвта се далеку поточни од оние за откривање бременост преку урина. Со тестовите за откривање бременост наменети за домашни услови, бременоста не може да се открие порано од 12 до 15 дена по оплодувањето. Со клиничките и тестовите наменети за домашни услови може да се открие бременост, но не и да се утврди возраста на ембрионот.
Во постимплантационата фаза, бластоцистата (развиеното јајце) лачи хормон наречен хуман хорионски гонадотропин, кој го стимулира хуман лутеум (жолтото тело) во јајникот на жената да продолжи со лачење на прогестерон. Ова влијае врз одржување на ѕидот на матката со цел ембрионот да продолжи да се храни. Жлездите во ѕидот на матката ќе отечат како резултат на бластоцистата, а капиларите во тој дел ќе бидат стимулирани за раст. Ова на бластоцистата и овозможува да ги прима витално хранливи материи од жената.
Покрај сите овие симптоми, некои жени не можат да забележат дека се бремени сè дури до последните месеци од бременоста, а во некои случаи, сè додека не започнат породилните болки. Ова може да биде резултат од повеќе фактори, вклучувајќи го нередовниот менструален период, (обично кај тинејџерите), одредени типови лекувања (кои не се однесуваат на забременување), и дебелината кај жените кои не обраќаат внимание на зголемената тежина. Други може да ја негираат својата состојба.