Некои филозофи и политиколози прават разлика помеѓу природните и законските права.

Природните права (исто така наречени морални права или неоттуѓиви права) се права кои не зависат од законот, обичаите или верувањата на одредено општество или политичко уредување. За разлика од тоа, законските права (понекогаш наречени граѓански права) се права кои се усвоени од одредена политичка заедница, кодифицирани во закони со одредна форма на законодавство и како такви зависат од локалните закони, обичаи или верувања. Затоа, природните права се неопходно универзални, додека законските права се културно и политички релативни.

Релативизирајќи ги границите помеѓу природните и законските права, Џејмс Медисон верува дека некои права како што се право на судење од поротен суд се социјални права кои не потекнуваат од природните права нити пак од позитивното право туку од општествениот договор од кој владата ја изведува нејзината власт.1 Introduction of the Bill of Rights in Congress, 1789 Jun 8, Jul 21, Aug 13, 18-19; Annals 1:424-50, 661-65, 707-17, 757-59, 766.

Преглед Прашањето кои права се природни права, а кои законски е многу важно прашање во филозофијата и политиката. Според критичарите на концептот на природните права единственото право кое постои е законско право, додека противниците препознаваат и природни права. Фокусот на природните права во Декларацијата за независност на Соединетите Американски Држави се изразува во правната филозофија позната како Декларационизам.

Теоријата на законот за физичките лица се поврзува со теоријата на правата на физичките лица. Во текот на Ерата на Просветителството, законот за физички лица ги предизвикал правата на кралевите и станал алтернативно правосудство за утврдување на општествениот договор, позитивното право и владата – и поради тоа законските права добиле форма на класичен републиканизам. Спротивно на тоа, концептот за правата на физичките лица се користи од некои анархисти за предизвикување на законитоста на таквото управување.

Идејата за човекови права исто така се поврзува со идејата на природните права; некои лица не препознаваат разлика помеѓу овие две поделби и ги разгледуваат двете права како едно, додека други лица не ги мешаат термините за да ја елиминираат повзаноста со некои одлики традиционално поврзани со правата на физичките лица.2 ^ Jones, Peter. Rights. Palgrave Macmillan, 1994, p. 73. . Правата на физичките лица се над власта на секоја влада или меѓународно тело за да можат да бидат негирани. Универзалната Декларација на Човекови Права е важен законски инструмент кој го негува концептот на правата на физичките лица во меѓународно меко право.

Идејата дека животните имаат права на физички лица е онаа која го поттикна интересот на филозофите и студентите по правни студии во 21 век,3 ^ "Animal Rights", Encyclopædia Britannica, 2007; Dershowitz, Alan. Rights from Wrongs: A Secular Theory of the Origins of Rights, 2004, pp. 198–99; "Animal Rights: The Modern Animal Rights Movement", Encyclopaedia Britannica, 2007. и како такви дури и со концептот на правата на физичките лица за човековите права двата термина не претставуваат синоними.

Историја Додека постоењето на законските права отсекогаш било контраверзно, идејата дека одредени права се физички или неоттуѓиви исто така има долга историја која поттекнува од Стоицистите на Доцната Антика која опаѓа преку протестантската реформација и Ерата на просветлувањето до денешен ден.

Древна историја

Стоиците ја негувале идејата дека никој не треба да биде роб на друго лице; ропството било надворешен услов кое ставил крај на внатрешната слобода на душата (sui juris). Помладиот Сенека напишал: „Погрешно е да мислиме дека ропството го испонува човековото суштество; подобриот дел од него е исклучен од него: телото навистина е подложно и е во моќ на господар но умот е независен и секако дека е слободен и див при што не може да се ограничи дури и со затворање на телото во којшто е доверен.4 ^ Seneca, De beneficiis, III, 20. Слично на тоа, сфаќањето за неоттуѓивите права е најдена во форма на ран Исламски закон и правосудство, кој му забранува на владетелот „право да одземе одредени права на лицата и да ги присвои за себе како човечко суштество“. Исламските владетели немале право да ги лишат своите потчинетите од одредени права врз основа на тоа дека: „тие права се доделени со причина според законот и од извор кој ниеден владетел не може да ги промени“.5 ^ Judge Weeramantry, Christopher G. (1997), Justice Without Frontiers, Brill Publishers, pp. 8, 132, 135, ISBN 90-411-0241-8 Овие идеи подоцна влијаеле врз концептот на Џон Лок за неоттуѓивите права преку предавањата на Едвард Покок, професор по Арапски студии.6 ^ Judge Weeramantry, Christopher G. (1997), Justice Without Frontiers, Brill Publishers, pp. 8, 135, 139–40, ISBN 90-411-0241-8

Средновековна историја Овој дел има потреба од проширување

Понова историја Неколку века подоцна доктрината на Стоицизмот дека „внатрешниот дел од телото не може да биде поробен“7 ^ Davis, David Brion. The Problem of Slavery in Western Culture. Cornell University Press, 1966, p. 77. се појавил во доктрината на слободата од реформацијата. Мартин Лутер напишал: „Секој човек е одговорен за неговата судбина и мора самиот да го увиди она што тој го смета за правилно. Како што некој може да оди во пеколот или рајот наместо мене, толку истиот може да ме убеди или разубеди, и колку што може да ми ги отвори или затвори вратите на пеколот или рајот толку може да влијае врз моето верување или неверување. Затоа, верувањето или неверувањето е работа на сечија совест и бидејќи ова не е ублажување на световната моќ, ова последното треба да биде задоволено и да му дозволи на човекот да верува во она што тој сака бидејќи тоа не е забрането со сила.8 ^ Martin Luther, Concerning Secular Authority, 1523.

Во 17-от век Англија, филозофот Џон Лок зборувал за правата на физичките лица во неговата работа и ги идентификувал истите како „живот,слобода и имот (или сопстевност)“ според кој, таквите основни права не можат да се предадат на социјалниот контраст. Овие идеи беа побарани како јурисфикција за бунтовниците на Американските колонии. Како што рекол Џорџ Масон во неговиот цртеж за Декларацијата за независност на Вирџинија “сите луѓе се родени еднакви и слободни“ и поседуваат „одредени наследни права на физички лица“ од кои не можат да бидат лишени или одземени 9 ^ Pauline Maier,American Scripture: Making the Declaration of Independence. New York: Alfred A. Knopf, 1993, p. 134. Друг англичанец од 17-от век, Џон Либурн (познат како Слободниот Џон) кој бил во конфликт со монархијата на Крал Чарлс и воената диктатура на републиката управуван од Оливер Кромвел, ги дефинирал правата на слобода како права на суштества присутни кај сите човекови суштества како спротивни на правата доделени од владата или од човечкиот закон.

Разликата помеѓу неоттуѓивите и оттуѓивите права е воведена од Францис Хатчесон во неговата книга Систем на морална филозофија (1755) која се заснова на принципот на слобода на совеста на реформацијата. Човекот не може да ја отстапи способноста на личното расудување (на пример, за религиозните прашања) без разлика на некој надворешен контраст или завет до религиозните или световни власти така што правото е „неоттуѓиво“. Како што рекол Хатчесон, „Затоа човекот не може вистински да ги измени неговите чувства, расудувања или склоности на задоволство на друг, ниту пак може да направи нешто што спротивно на неговото срце. Затоа правото на лично расудување е неоттуѓиво.10 ^ Hutcheson, Francis. A System of Moral Philosophy. London, 1755, pp. 261-2. Во Германската ера на просветителството, Хегел дал високо развиено мислење за овој аргумент. Исто како и Хачесон, Хегел ја базирал теоријата на неоттуѓивите права на де факто неоттуѓивоста на оние аспекти од карактерноста кој ги разликува луѓето од предметите. Предметот, како дел од имотот, може да се пренесува од едно лице на друго. Но во исто време не се однесува на оние аспекти кои го сочинуваат човекот, рекол Хегел:

„Правото на она што е во суштина неоттуѓиво не се препишува, со оглед на чинот според кој јас владеам со мојот идентитет и сум одговорно човечко суштество, способно за поседување права и со морален и религиозен живот, се одземаат овие одлики од надворешната одлика која ги прави способни за пренесување на сопственоста на некој друг. Откако ја поништив нивната надворешна одлика не можам да ги пуштам да застарат со времето или од некоја друга причина да ги изведам од мојата претходна согласност или желба за нивно изменување.11 ^ Georg W. F. Hegel, Hegel's Philosophy of Right, T.M. Knox, trans., New York: Oxford University Press, 1967 (1821), section 66. Затоа во расправата за теоријата на социјалниот договор „неотуѓивите права“ се оние права кои не можат да се предадат од страна на граѓаните до владетелите. Таквите права се сметаат за права на физичките лица, независни од позитивното право. Меѓутоа, според многу теоретичари на социјалниот договор само најсилните во светот на физичките лица можат да имаат придобивки од нивните права. Затоа луѓето формираат безусловен социјален договор на кои им ги предаваат своите права на физички лица на власта која треба да ги заштити од злоупотреба за да можат во иднина да живеат под законските права на таа власт.

Но многу извинувања во текот на историјата за ропството и либерланата влада беа засновани на директни или индиректни доброволни договори за оттуѓување на „правата на физичките лица“ од слобода и само-одлучување.12 ^ Philmore, J. 1982. The Libertarian Case for Slavery: A Note on Nozick. Philosophical Forum. XIV (Fall 1982): 43-58. . Де факто аргументите за оттуѓување на Хатчесон и неговите претходници обезбедуваат основа за анти-ропствено движење на само против принудното ропство туку и против директните или индиректните договорни форми на ропство. Секој договор кој се обидел легално да го лиши таквото право станува неважечко. Слично на ова, аргументот бил искористен од страна на демократското движење против секој директен или индирекен социјален констраст на субјективизам (partum subjectionism) според кој луѓето треба да го оттуѓат своето право на само-управување до суверенитет, на пример, во Leviathan од Томас Хобс. Според Ернст Касирер,

„Постои, барем, едно право кое не може да се даде или напушти: тоа е правото на идентитет...Тоа го напаѓа големиот логичар (Хобс) со контрадикторности во термините. Ако човек може да се откаже од својот идентитет тој ќе престане да биде морално суштество... не постои pactum subjectionis, начин на предавање според кој човекот може да ја отстапи состојбата на слободен агенс и поробување на самиот себеси. Со таков чин на откажување тој би се откажал од неговиот карактер кој ја сочинува неговата природа и суштина: тој би го загубил својот човечки род.13 ^ Cassirer, Ernst. The Myth of the State. Yale University Press, 1963, p. 175

Овие теми се конвергираат во дебатата за Американската независност. Додека Џеферсон ја пишуваше Декларацијата за независност, Ричард Прајс во Англија застанал на страна на барањето на Американците „дека Велика Британија се обидува да ги лиши од таквата слобода за кој секој член на општеството и граѓанското општество имаат природно или неоттуѓиво право на сопственост“.14 ^ Price, Richard. Observations on the Nature of Civil Liberty. 1776, Part I. Reprinted in: Peach, Bernard, (Ed.) Richard Price and the Ethical Foundations of the American Revolution. Duke University Press, 1979, p. 67. Прајс уште еднаш ги базира аргументите на де факто неоттуѓивоста од „принципот на спонтаноста или само-одредувањето кое не сочинува нас агенсите или кои ги контролираат нашите дејства, толкувајќи ги соодветно дејствата а не ефектите од операцијата на било која странска причина.15 ^ Ibid., pp. 67-68. Каков било социјален договор кои ги оттуѓува овие права би бил неважечки и незадолжителен, рекол Прајс: