Ѕвездена ноќ () е слика на познатиот холандски постимпресионсист Винсент ван Гог. На сликата е претставен погледот од прозорецот на собата во санаториумот во кој уметникот престојувал. Сликата е насликана во дневни услови по сеќавање. Од 1941 година претставува дел од колекцијата на Музејот на модерна уметност во Њујорк, САД. Оваа слика се смета за ремек-дело на Ван Гог.
Генеза thumb|десно|Скица делото направена од Ван Гог откако сликата била нацртана. Во средината на септември 1889 после тешката криза која уметникот ја имал (и која траела од средината на јули до крајот на август) решил да го вклучи неговото Истражување на ноќта во следните свои делаLetter 607 кои планирал да му ги испрати на својот брат Тео во Париз. Во едно од своите писма до својот брат тој кажува дека не е задоволен од сликата.
Инспирација за други уметници Сликата Ѕвездена ноќ претставувала инспирација за повеќе уметници: Францускиот композитор Анри Дитије (Henri Dutilleux) напишал оркестарска композиција под наслов „Стебла, бегство, движења“; Американската поетеса Ан Секстон има напишано поема под наслов „Ѕвездената ноќ“; Канадскиот композитор Џанкарло Скалија има напишано композиција за пијано под истиот наслов; Песната „Винсент“ на Дон Меклин е, исто така, инспирирана од ова дело и започнува со зборовите „Starry, Starry Night...“.
Галерија
Наводи
Надворешни врски The Starry Night in the MoMA Online Collection smARThistory: van Gogh's Starry Night Multimedia study of van Gogh, McLean and Sexton On Exhibit at the Van Gogh Museum in Amsterdam February 13-June 7 2009, retrieved 31 јануари, 2009
Категорија:Уметнички слики Категорија:Слики од Ван Гог Категорија:Постимпресионизам Категорија:Холандска уметност