Наос или Зета Пупис (Zeta Puppis / ζ Pup / ζ Puppis) е ѕвезда во соѕвездието Крма. Позната е по имињата Наос („Naos" од грчки ναύς „брод“) и Сухаил Хадар („Suhail Hadar“ од арапски, „светла ѕвезда на тлото“).
Нејзиниот спектрален тип е O5Ia, што значи дека ова е екстремно жешка ѕвезда. Таа е една од ретките ѕвезди на ноќното небо од типот „O“ што се гледаат со голо око. Температурата на површината ѝ е 42.400 KLamers & Cassinelli 1999, accurate to 200 K., а масата 59 сончеви маси.
За разлика од многу други ѕвезди на толкава далечина, за Зета Пупис се знаат точните параметри, а се знае и дека потекнува од реонот со молекуларен облак во соѕвездието Едро. Според тоа, за оваа ѕвезда можеме точно да ја одредиме оддалеченоста, што на пример не можеме за ѕвездата Денеб.
Зета Пупис е есктремно сина суперџин ѕвезда, една од најсјајните ѕвезди во нашиот Млечен Пат. Визуелно е 21.000 пати помоќна од нашето Сонце, но бидејќи е екстремно сина ѕвезда, поголемиот дел од нејзиното електромагнетно зрачење е ултравиолетово. Сините ѕвезди не се многу големи, па така и Наос не е исклучок, околу 20 пати е поголем од сончевиот полупречник. Во тој поглед најголеми се црвените џинови, како што е Бетелгез на пример.
За неколку илјади години, Наос ќе се излади и ќе се претвори во црвен суперџин, и ќе мине низ спектралните типови: B, A, F, G, K, и M. Кога ќе се случи ова, гледано од Земјата, Наос ќе биде една од најсјајните ѕвезди на небото. За 2 милиони години, Наос ќе се претвори во црвен суперџин од типот M5, а се прептоставува дека на крајот ќе експлодира во хипернова толку моќно и сјајно, што ќе се види на небото посјајно од полна Месечина.
Наводи
Категорија:Крма (соѕвездие) Категорија:Ѕвезди суперџинови Категорија:Именувани ѕвезди Категорија:HD-објекти Категорија:HR-објекти Категорија:HIP-објекти Категорија:Бајерови објекти Категорија:Тела од Бонскиот преглед Категорија:Променливи ѕвезди од типот на Алфа Лебед Категорија:Сини суперџинови Категорија:Ѕвезди со оддавни линии Категорија:Ѕвезди-бегалки