Крчишта (дијалектно: Крчишча; , Полианемо; до 1926 г. Κόρτσιστα, Корциста) — село во Костурско, Егејска Македонија, денес во општината Нестрам од Костурскиот Округ на Западна Македонија, Грција. Сè до неговото растурање било населено исклучиво со Македонци.
Географија Селото се наоѓа на 27 км западно од градот Костур, близу границата со Албанија.
Историја Во Отоманското Царство Селото се спомнува во османлиски дефтер од 1530 г. со 87 семејства под името Крчиште.
На крајот на XIX век Крчишта било село во Рупишката нехија на Костурската Каза. Во „Етнографија на вилаетите Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. Крчишта (Krtchischta) било село со 67 домаќинства сочинети од 220 жители Македонци. Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 г. Крчишта имало 385 жители Македонци христијани, 30 Турци и малку Арнаути христијани. Немакедонското население подоцна се иселило и селото останало чисто македонска населба.
На Етнографската карта на Битолскиот Вилает од 1901 г. Крчишта е чисто македонско село во Костурската Каза на Горичкиот Санџак со 50 куќи.
Црквата „Св. Матрона Хиоска“ е изградена на крајот на XIX век. Познато е дека околу 1892 г. родот Ангеловци (1 куќа) се преселил во соседното Долно Папратско.
На почетокот на XX век жителите на Крчишта биле под врховенството на Цариградската патријаршија и во него работела грчката пропаганда. По податоци на егзархискиот секретар Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 г. во селото имало 384 Македонци под патријаршијата и работело грчко училиште.
Според грчка статистика од 1905 г. селото имало 450 жители.Mapping Migration in Kastoria, Macedonia. Polianemo . Според Георги Константинов Бистрицки, Крчишта пред Балканските војни имал 60 македонски куќи. Боривое Милоевиќ („Јужна Македонија“) за приближно истиот период вели дека Крчишта има 50 куќи на Македонци христијани.
Во 1907 г. селото имало 60 куќи и било чифлик на пашата од Лесковик. Населението било претежно под патријаршистичко со малку егзархистички жители. Меѓу нив имало поединци што активно ги потпомагале андартските чети во нивните напади на околните македонски егзархиски села како Косинец. Според Георги Трајчев во 1911/12 г. во Крчишта имало 45 македонски куќи со 245 жители. Имало црква и училиште.Трайчев, Георги. Български селища в днешна Албания, в: Отецъ Паисий, 15-31 юли 1929 година, стр.213.
Во Грција За време на Балканските војни селото е окупирано од грчка војска и во 1913 г. влегло во состав на Грција. Таа година населението броело 318 жители кои во 1920 г. се намалиле на 243. Во 1928 г. селото имало 249 жители, од кои само еден бил грчки дојденец.Mapping Migration in Kastoria, Macedonia. Polianemo .
Во 1926 г. селото е преименувано во Полианемо.
За време на окупацијата во Втората светска војна во 1943-1944 г. во селото се издавал вестникот „Славјано-македонски глас“, орган на Славјаномакедонскиот народноослободителен фронт (СНОФ).
За време на Граѓанската војна селото силно настрадало. Целото население го напуштило, а 56 деца се изнесени од државатак како деца бегалци.
Селото е обновено по војната од жители од соседните доселенички села Шак и Ревани. Така, од чисто македонско, селото станало чисто грчко.
Население
Личности мини|180п|Михал Апостолов - Гранити Антон Панајотов (1873 – 1933) — револуционер на Македонскиот комитет Димитар Наковски — селски епитроп и деец на ВМОРО Ламбро Георгиев (1877 – ?) — борец во МОО, I чета на VI Охридска дружина Михал Апостолов - Гранити (1923-1948) — партизан и деец на СНОФ и НОФ Наум Димитров Наковски — шивач и активен деец на ВМОРО Коста Антоновски (1912-1947) — партизан и деец на НОФ Сотир Андоновски (1918-1985) — партизан и деец на СНОФ и НОФ Петре Наковски (р. 1937) — писател и преведувач Стојан Наумов — борец во МОО, IV чета на VIII Костурска дружина Трпо Наковски — офицер и фотограф, учел во Костур и Атина, загинал во војна
Поврзано Славјано-македонски глас
Наводи
Категорија:Крчишта