Шестево, Шештево или Шестеово (, Сидирохори, до 1928 Σίστεβο, Систево)Μετονομασίες των Οικισμών της Ελλάδας. Μπλάτση -- Σιδηροχώρι — село во Општина Костур во Костурскиот Округ, Егејска Македонија, денес во областа Западна Македонија, Грција.

Географија и местоположба

Селото се наоѓа на 10 километри северно од градот Костур и Костурското Езеро во историско-географската област Пополе во јужните делови на Нередска Планина. Селото се наоѓа на надморска височина од 1040 метри.

Историја Антика и средновековие Источно од Шестево има остатоци од тврдина (наречена Градиште) која Николаос Муцопулос ја поистоветува со стариот град Лонга од средновековните извори.

Bо 1979 г. додека копал на нива, мештанинот Никола открил камен саркофаг со погребан големец. Главата била ставена врз издлабен камен, на градите стоеле четири сребрени парчиња накит, на половината остатоци од кожен колан со сребрени токи, кај нозете делови од црвени чизми. По испитувањето во Германија, каменот е датиран од IX-XI век. Подоцна на местото копал и Муцопулос.Даринка Илиева, Българи под прикритие в Беломорска Македония, 24 часа 15.05.2012

Во Османлиското Царство Според Тодор Симовски селото било основано по доаѓањето на Османлиите на овие простори, односно од битолски сточари кои побегнале од околината на градот и се населиле на местото каде денеска се наоѓа селото. Во текот на XV век, во селото биле евидентирани 60 глави на семејстватаГандев, Христо. Българската народност през XV век. Демографско и етнографско изследване, Наука и изкуство, II изд., София, 1989.. Во отоманскиот збирен даночен список на немуслиманското население било споменато дека селото има 22 глави на семејства и еден неженет: Крузо, Јано, Стано, Коста, Никола, Димос, Герг, Никола, Јано, Герг, Никола, Јанос, Димо, Васил, Мано, Јано, Стефан, Јован, Ѓурко, Михо, Јано, Димо и Васил. Вкупниот приход за државата од селото изнесувал 1.574 акчињаОпширни пописни дефтери од XV век, том II, Архив на Македонија, Скопје, 1973, стр. 101.

Во „Етнографија на Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. Шестево се состоело од 80 семејства со 140 жители муслимани и 400 МакедонциМакедония и Одринско. Статистика на населението от 1873 г., Македонски научен институт, София, 1995, стр. 108-109. Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 година Шестево имало 890 жители МакедонциКънчов, Васил. Македония. Етнография и статистика, София, 1900, стр. 265..

На Етнографската карта на Битолскиот Вилает од 1901 г. Шестево се води како чисто македонско село во Костурската Каза на Горичкиот Санџак со 130 куќи.

Поради активното учество на месното население во Илинденското востание, селото настрадало четири пати од страна на османлиските војски. Според писмото на водачите на востанието во Костурско, Васил Чекаларов, Лазар Поптрајков, Пандо Кљашев, Манол Розов и Михаил Розов, кое било испратено до сите странски конзулати во Битола на 30 август 1903 година, во селото од 180 куќи биле изгорени 27 и биле убени Јанаки Илиев (110 г.), Илија Новачков (70), Настовица Валковска (80), Николица Гавалова (70), Наковица Србинова (25), Султа Атанасова (30).Чекаларов, Васил. Дневник 1901-1903 година, Ива Бурилкова, Цочо Билярски, ИК „Синева” София, 2001, стр. 292 Според друг извор, во селото бле изгорени 30 куќи и 22 плевни. Од селото, 57 лица учествувале во востанието, од кои Јанаки Спасков бил убиенИлюстрация Илинден, бр.139, стр. 13-14.

Селото било под влијание на Бугарската егзархија и Цариградската патријаршија. Според податоците на секретарот на егзархијата Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во селото живееле 544 Македонци под врховенството на Бугарската егзархија и работеле две егзархиски училиштаBrancoff, D.M. La Macédoine et sa Population Chrétienne, Paris, 1905, pp. 180-181., како и 496 македонски патријаршистиMapping Migration in Kastoria, Macedonia. Sidiroxori.. Според грчката статистика од 1905 година селото било мешано со 500 жители Македонци и 350 Грци. Според Георги Константинов Бистрицки селото пред Балканската војна имало 120 македонски семејстваБистрицки, Българско Костурско, Ксанти, 1919, стр. 7.. Во 1905 година селото настрадало од грчки андартски напади.Силянов, Христо. Освободителните борби на Македония, том II, София, 1993, стр. 220.

Во Грција Во текот на Втората балканска војна, селото настрадало и било окупирано од страна на грчките војски. По крајот на Балканските војни, селото било вклучено во составот на Грција. На пописот од 1913 година биле евидентирани 602 жители, додека на пописот од 1920 година, во селото биле евидентирани 573 жители. Во 1927 година, селото било преименувано во Висинија. Во текот на Првата светска војна, според официјалните бугарски документи, 14 жители се засолниле во Бугарија, додека 12 заминале во Бугарија по 1919 година. Во селото имало 12 политички убиства.. Според Симовски, во периодот меѓу војните во Бугарија се иселиле 55 семејства или 239 лица.

Во текот на Втората светска војна, селото било окупирано од страна на ГерманцитеМичев, Добрин. Българското национално дело в Югозападна Македония (1941 – 1944 г.), по кое било предадено на бугарските сили. Во 1945 година биле регистрирани 550 Македонци.

Селото настрадало во текот на Грчката граѓанска војна и голем број на жители на селото биле принудени да ги напуштат своите домови, и тие главно заминале во Македонија или во социјалистичките земји од Источна Европа. 159 деца од селото биле протерани како деца бегалци

По крајот на војната започнала масовна емиграција од селото кон Австралија, САД и Канада. Поради ова, бројот на населението започнал да се намалува.

Демографија

Во 1928 година селото броело 628 жители., додека во 1940 година селото броело 609 жители.

Селото во пописот од 1951 година броело 315 жители, на пописот од 1961 година, во селото живееле 190 жители, во 1971 година имало 162 жители, во 1981 година имало 182 жители, додека во 1991 година имало 155 жители. Денеска, населението на селото е 125 жители според пописот од 2001 година.

Година19281940195119611971198119912001Население628609315190162182155125

Културни и природни знаменитости Цркви „Св. Никола“ од 1813 г.

Тврдини Градиште — утврдување од римско и средновековно време

Личности Родени во Шестево Атанас КостадиновΜάνος, Νικόλαος. Αφανείς Γηγενείς Μακεδονομάχοι (1903-1913), Ι. Σ. Κολιόπουλος (επιστ. εποπτεία), Ι. Δ. Μιχαηλίδης – Κων. Σ. Παπανικολάου (επιμ.), Θεσσαλονίκη, Ε.Μ.Σ. – University Studio Press, 2008, стр. 88. Атанас Новачев од Никола Рашајков Атанас Петров (?–1902) Атанас Попов (1888 – 1907) Атанас Јанев (1883–1913)Македоно-одринското опълчение 1912-1913 г. Личен състав, Главно управление на архивите, 2006, стр. 816. Борче Димовски (1942 - 2014) Васил Георгиев (1889/1890–?)Македоно-одринското опълчение 1912-1913 г. Личен състав, Главно управление на архивите, 2006, стр. 149. Василка Андонова Киричева (1922 - 2005) Григор Вангелов Ламбро Георгиев (1883–?)Македоно-одринското опълчение 1912-1913 г. Личен състав, Главно управление на архивите, 2006, стр. 160. Љубка Рондова (1936-2016) Младен Крстев (1862–?)Македоно-одринското опълчение 1912-1913 г. Личен състав, Главно управление на архивите, 2006, стр. 388. Никола Христов (1874–?),Македоно-одринското опълчение 1912-1913 г. Личен състав, Главно управление на архивите, 2006, стр. 775. Никола Димитров (1890–1986) Никола Шестеов Петар Малков (?–1908) Паско Јанев (1917–1989) Трпена Попдимитрова (1884-1918) Христо Георгиев (1891–?)Македоно-одринското опълчение 1912-1913 г. Личен състав, Главно управление на архивите, 2006, стр. 173. Јане Лазов (?–1903)Николов, Борис Й. Вътрешна македоно-одринска революционна организация. Войводи и ръководители (1893-1934). Биографично-библиографски справочник, София, 2001, стр. 92. загиналМакедонците в културно-политическия живот на България. Анкета от Изпълнителния комитет на Македонските братства, Книгоиздателство Ал. Паскалев и с-ие, София, 1918, стр. 97.

Починати во Шестево Кузман Стефов (1875–1902)

Наводи

Категорија:Шестево