vBulletin (исто така наречен vB) е веб-софтвер наменет за дискусија и споделувања на мислења. Работи на PHP и користи mySQL база на податоци.
Историја Во 1999 година Џејмс Лим и Џон Перцивал беа основачи на една Visual Basic страница, што користеше Infopop класичен форум. Како што страната се зголемуваше, тие увидоа дека софтверот што е напишан во Perl, користејќи flat-file база на податоци, не можеше секогаш да го издржи бројот на корисници. Во февруари 2000 година, двајцата решија да напишат нивни веб-софтвер, иако не беа познати со програмерските кодови. Кога напишаа нивни форум, тој беше толку баран што двајцата им понудија да го продадат софтверот на Infopop, но не беше успешно. Потоа ја создадоа фирмата наречена Jelsoft и првиот vBulletin што се плаќа.
Други производи Користејќи го vBulletin јадрото Jelsoft создадоа уште два корисни производи или додатоци на форумот.
vBulletin Blog Дозволува на зачленетите корисници на некоја vBulletin заедница да имаат свој блог на форумот. Цената се одвива околу $60 (долари) и дозволени се обновувања ако vBulletin софтверот е лиценциран.
vBulletin Project Tools Софтвер кој ги поддржува сите промени на софтверот.
Категорија:Семрежје