Оваа статија е за деецот на ВМОРО. За народниот херој и академик видете Михајло Апостолски.
Михаил Апостолов Рајнов, нарекуван Попето, ― македонскиИзвестия на Института за история. (1960). Изд. на БАН с. 330Panaĭotov, L., Khristov, K. A. (1978). Гоце Делчев: спомени, документи, материали. Наука и изкуство. с. 76 подофицер во бугарската армија, учесник во македонското револуционерно движење, член, војвода и прв инструктор на четнички институт на Македонската револуционерна организација.Енциклопедија ВМРО, Скопје 2015, стр. 12
Животопис Рани години
Михаил Апостолов е роден во село Горна Дикања, Радомирско во 1871 година. Израснал во многу сиромашно семејство. Мајка му умрела и татко му го пратил во Софија за да учи. Служел воена служба во кавалеријата – 1-ви коњички полк, и стигнал до чинот подофицер. Ја напуштил армијата и станал стражар во коњичката полиција во Софија. Во 1895 година, кога Македонскиот комитет во Софија го организирал Мелничкото востание, четничката акција во Македонија, тој ја напуштил стражарската служба и тргнал со четата на поручник Петар Начев. По четничката акција се вратил во Софија. Се сретнал со Гоце Делчев, кој во тоа време ги организирал првите чети на Внатрешната организација, кои требало да влегуваат во Македонија. Гоце Делчев решил да привлече бугарски офицери во Внатрешната организација, за да го издигне нејзиниот авторитет пред населението, и за да ги подобри бојните способности на четниците. Михаил Апостолов – Попето и Марко Лерински, а малку потоа и Христо Чернопеев и Атанас Бабата се првите бугарски подофицери во Македонската револуционерна организација.
Години во македонското револуционерно движење
Инструктор на четничкиот институт
Михаил Апостолов станува првиот војвода на агитационо-организаторска чета. Во неговата седумгодишна дејност, во неговата чета како негови ученици минуваат редица дејци на Организацијата како: Михаил Герџиков, Никола Дечев, Петар Јуруков, Делчо Коцев, Петар Самарџиев, Никола Жеков, Атанас Бабата, Андон Ќосето (помошник-војвода на четата), Крстјо Б’лгаријата, Гоне Бегенин, Трајко Јотов, Иван Варналијата, Иван Наумов Алјабака и други. Во четата за 3-4 месеци бил и Христо Чернопеев, кој подоцна предводи сопствена чета П. Чолов, Бугарските вооружени чети и одреди во XIX век, Софија, 2003, Академско издателство “Марин Дринов”, ISBN 954-430-922-5, стр. 343.
види:Четнички институт на ТМОРО
Војвода
За првпат како војвода на ВМОРО, тој влегол во Македонија во 1897 година, а неговата чета била од 7 души. Сите се од слободните делови на Бугарија и имаат воена подготовка: Васил Иванов Чочов – постар подофицер од 1-виот пешадиски полк, Александар Маринов од Пловдив – ученик од унтерофицерското училиште, Филип Григоров, ученик од истото училиште, Николај Петров, унтерофицер и други. Четата како реон на дејствување го има Малешевско, но дејствува и во Кочанско, Радовишко и Струмичко.
Обиколки низ Македонија
На 20 јули 1897 година, заедно со четата на Гоце Делчев убиваат четири черкези во село Бујковци. На 14 септември 1897 година Михаил Попето го одвлекува богатиот турчин Назлам бег од Струмица. Во 1898 година, четата на Попето, веќе од 13 души, ги обиколувала Серско и Кукушко. Во 1899 година Михаил Попето ги обиколува Воденско и Ениџевардарско. Четник кај Попето бил и Михаил Чаков – учител, кој од 1901 до 1908 предводи различни чети во Македонија П. Чолов, Бугарските вооружени чети и одреди во 19 век, Софија, 2003, Академско издателство “Марин Дринов”, ISBN 954-430-922-5, стр. 339. Во февруари 1900 година преминува низ село Оризарци, Гевгелиско, а неговата чета во тоа време брои 15-20 луѓе; подоцна во летото се префрла во Кукушко. Води борби со турски вооружени сили до село Д’мбово, во Кожув планина и на други места. Во истата година како апостол, продолжува да ја обиколува Македонија, овој пат во Тиквешко.. На пат од Кукушко кон Петричко на 21 март 1902 година четата на Михаил Апостолов е фатена од силна турска потера и влегува во борба со неа меѓу селата Чугунци и Гавалјанци, Кукушко, во која војводата Михаил Попето загинува. Погребан е во дворот на црквата во Гавалјанци.
За него
Дополнителна литература Енциклопедија Бугарија, том 1, Издание на БАН, Софија, 1978 Љубомир Милетич, “Спомени на Христо Чернопеев, Движението од оваа страна на Вардарот и борбата со * врховистите” За Михаил Апостолов - Попето Илустрација Илинден, година VII, број 6 Македонија во пламени, ИК Синева Софија, 2003
Наводи
Категорија:Родени во 1871 година Категорија:Починати во 1902 година Категорија:Луѓе од Бугарија Категорија:Отомански Македонци Категорија:Дејци на ВМОРО Категорија:Дејци на ВМОК Категорија:Македонски офицери Категорија:Македонски револуционери Категорија:Дејци на МРО Категорија:Македонски војводи Категорија:Учесници во Мелничкото востание