мини|300п|Маракеш, Мароко, пред Атласките планини во Магреб
Ма́греб (, пишуван и како Магриб и поретко Могреб е област во Африка на север од Сахара и на запад од Нил.
Од геополитичка гледна точка областа ги вклучува Мароко, Западна Сахара, Алжир, Тунис, понекогаш и Либија и поретко Мавританија. Арапскиот магрепски сојуз ги содржи сите овие држави освен Западна Сахара, заради нејзиниот политички статус - за арапските земји сѐ уште е мароканска провинција, а за другите е привремено окупирана од Мароко.
Во различните јазици и контексти може да поимот Магреб означува различни држави. Во францускиот јазик и култура под Магреб се подразбираат само поранешните француски колонии Алжир, Мароко и Тунис, поретко Либија и Мавританија.
На арапски името го означува само Мароко.
Локалното арапско-берберско население на регионот во минатото во Европа е нарекувано маври.
Модерни територии на Магреб Алжир Сеута Либија Мавританија Мелиља Мароко Тунис Западна Сахара
Средновековни региони на Магреб Ифрикија Дјерид Сус Заб Ходна Риф Магреб ал-Авсат (Среден Магреб) Мароко Тамесна
*