Крсто Петров Сарафов () ― наjпрочуениот театарски глумец од Бугарија. Тој е помалиот брат на револуционерот на Македонскиот комитет и ВМОРО Борис Сарафов.
Животопис мини|лево|200п|Сарафов во улогата на Тартиф. Роден е на 6 април 1876 година во Либјахово, Пиринска Македонија. Учел во Петербург. Дебитирал во 1899 година во театарот „Солза и смев” во Гогољевиот “Ревизор”, но поголем број од улогите после тоа ги изигрува на сцената на Народниот театар “Иван Вазов” во Софија.
Меѓу највпечатливите негови улоги се Сирано де Бержерак (во истоимената пиеса на Едмон Ростан), Тартиф и Арган (во Молиеровите Тартиф и Вообразениот болен), Фамусов (во Страда од умот на Грибоедов).
Националната академија за театарска и филмска уметност во Софија го носи името на Сарафов од 1951 година НАТФИЗ. Умира на 27 август 1952 година во Софија.
Сарафов бил член и на Македонскиот Научен Институт. Извори
Надворешни врски
„Кръстьо Сарафов“, стихотворение од Гео Милев Сборник "Крсто Сарафов", Софиjа, 1921 г.
Пиринци
Категорија:Бугарски уметници од Македонија Категорија:Бугарски глумци Категорија:Членови на Македонскиот научен институт Категорија:Македонски преселници во Софија Категорија:Починати во Софија Категорија:Сарафови