К-141 Курск (рус. Атомная подводная лодка „Курск“) била атомска подморница од класата Оскар 2 во составот на Северната флота во Руската морнарица. Подморницата потонала по експлозија во текот на воена вежба, во Баренцовото море, при што загинал целокупниот екипаж. Курск била една од најголемите подморници на Руската морнарица и гордост на Северната флота.
Историја
Изградбата на Курск започнала во 1992., а била предадена во работа во 1994. Таа била последна од серијата подморници од класата Оскар 2 кои биле дизајнирани и произведувани во времето на СССР. Со должина од 154 метри и висока речиси колку четирикатница, таа била најголемата воена подморница било кога направена. Надворешната обвивка била од челик со висок процент на хром и никел дебел 8,5мм. Ова ѝ овозможувало добра заштита од корозија и од магнетна детекција. До внатрешната обвивка дебела 50,8мм имала 2м празен простор.
Курск бил дел од Руската Северна флота, која била постојано недоволно финансирана во текот на 1990-тите. Многу од подморниците биле усидрени и рѓосувале во Северното Море, близу до Мурманск.Andreyeva Bay is a ticking bomb, Bellona’s documents prove – Rashid Alimov, Bellona Foundation, Oslo, 7 June 2007 .Посетено на 2007-08-08. Опремата била слабо одржувана, а морнарите не добивале плата со месеци. Кон крајот на декадата дошло до пресврт и вистинска ренесанса за флотата: во 1999 Курск успешно ја следел Шестата флота на САД во Средоземјето за време на Косовската војна.
Експлозија
Во август 2000-та во Баренцовото море се одржувала голема воена вежба во која биле вклучени четири подморници, крстосувачот „Петар Велики“ и флотила од помали бродови. Курск испловил за да изврши вежба со испалување на вежбовни торпеда кон крстосувачот „Петар Велики“. На 12 август 2000, во 11:28 по месно време (07:28 УТЦ) Курск ги испалил торпедата, но брзо потоа дошло до експлозија во подморницата. Единствениот веродостоен извештај до денес е дека експлозијата настанала како резултат на оштетување на едно од торпедата кое било погонувано од водород-пероксид. Хемиската експлозија имала сила еквивалентна на 100-250кг ТНТ, и создала потрес од 2,2 степени по Рихтеровата скала. По експлозијата подморницата потонала до длабочина од 108м, на околу 135км од Североморск, на координати . По 135 секунди, првата експлозија била проследена со втора, поголема, која создала потрес од 3,5-4,4 степени по Рихтеровата скала, еквивалентно на 3-7 тони ТНТ. Forensic seismology .Посетено на 2007-08-08. Една од тие експлозии исфрлила големи парчиња метал кон внатрешноста на подморницата.
Обиди за спасување
Иако биле направени обиди за спасување, дури и со помош на Британски и Норвешки спасувачи, сите членови на екипажот загинале. Се поставува прашање колку долго по експлозијата биле живи, бидејќи кај заменик-капетанот Димитри Колесников биле најдени белешки на кои пишувало дека со уште 23 морнари е затворен во комората број 9 по експлозијата.
Руските команданти и политичари тврделе дека сите морнари веднаш загинале од повреди од експлозиите, но овие се сметаат за повеќе политички изјави отколку веродостојни. Некои траги пронајдени подоцна во подморницата укажуваат дека можеби имало преживеани и неколку дена по несреќата.
Извлекување
Курск била извлечена од холандски спасувачки конзорциум во 2001-та, кој со помош на голема скела ја подигнал подморницата од дното на морето и ги извадиле загинатите. Се покажало дека од високата температура од првата експлозија, дошло до втората експлозија на 5-7 торпеда.Raising the Kursk television show by the National Geographic Show
Јадрениот реактор бил деактивиран и јадреното гориво обезбедено, а потоа целата подморница била расклопена во заливот Сајда, на Колскиот Полуостров во 2003.Defuelled Kursk will join submarine graveyard – Igor Kukrik, Bellona Foundation, Oslo, 3 март 2003 .Посетено на 2007-08-08.
Официјалната истрага заклучила дека неисправно торпедо било причината за експлозијата и потонувањето на Курск.
Надворешни врски Слики од Курск Project 949 Granit / Oscar I Project 949A Antey / Oscar II BBC: Грешките од Курск ја прогонуваат Русија Меморијална страница за Курск Ризици и опасности при извлекувањето на Курск Теории за потонувањето на Курск Податоци за операциите за извлекување на Курск
Наводи
Категорија:Руски подморници