Шарпланински куп е спортска скијачка манифестација која се одржува секоја година на ски центарот Попова Шапка на Шар Планина.

Историја Првиот Шарпланински куп е одржан во 1947 и со тоа е најстар меѓународен скијачки натпревар на Балканскиот регион. Во 1954 станува дел од FIS B натпреварите, додека од 1969 до 1986 е натпревар за Европски Куп во скијање. Поради губењето на статусот во 1986 година, во 1999 повторно се кандидита натпревар за Европски Куп.

Патеки Слаломот се вози на патеката Езерино и е долга 685 метри со височинска разлика од 198 м, додека патеката за велеслалом Орлова е долга 1.140 метри со височинска разлика од 390 метри.

Победници Година Машка конкуренција Женска конкуренцијаИмеЗемјаИмеЗемја 1947 Петер Шикло Вида Катник 1948 Тине Мулај / / 1949 Марјан Вистер / / 1950 Владо Вебер / 1951 Тине Мулај Анелори Цукерт 1952 Јанез Стефе Пузи Франдал 1953 Ернесто Оберајгнер / 1954 Теди Ајнштус Фини Штеклингер 1955 Тине Мулај 1956 Биро Михал Ханелори Баслер 1957 Воитех Будинел 1967 Блаз Јакопиќ Марија Клисурска 1969 Леополд Грубер Гвистина Дамец 1970 Голо Габриеле 1971 Леополд Грубер 1972 Јонах Книвасер 1973 Кристијан Сотас 1974 Вернер Фигл 1975 Џузепе Платнер 1978 Леонардо Давид 1979 Александар Жиров 1980 Маурицио Пончет 1981 Александар Жиров 1983 Петер Лишер 1986 Џероса Карло 1994 Рене Млекуз 1996 Нана Матео 1997 Грегор Грлиќ 1998 Миран Раутер 1999 Грегори Гигние 2000 Стефан Георгиев Матеја Долничар 2003 Александар Левет Марија Киркова 2004 Миха Малус Мојца Ратај 2005 Миха Малус Марија Трмчиќ 2006 Стефан Георгиев Мојца Ратај 2009 Коси Клемен 2010 Франц Промок 2011 Томаж Велечич 2012 Грегор Брајович 2013 Миха Кирнер 2025Константин СтоиловЛирика Дева

Управа Извршен одбор Извршниот одбор брои 17 члена од кои: Жарко Трпкоски, вд. претседател Будимир Апостолски, ген. секретар Зоран Теофиловски, претседател на Алпски Комитет

Иницијативен одбор Овој одбор постои за повторнo да се реактивира купот, и за да го врати стариот сјај. Има 10 члена.

Награди Сите првоосвоени три места добиваат парична награда, а додека на првоосвоеното место му се доделува и куче Шарпланинец, како симбол на планината и маскота на купот. Покровител на купот е Претседателот на Република Македонија. Наводи

Надворешни врски Официјално мрежно место на Шарпланинскиот куп

Категорија:Спорт Категорија:Шар Планина