А2 телевизија или само А2 — поранешна македонска телевизија која започнала со работа на 1 јули 2008 година. Оваа телевизија успешно котираше на македонскиот медумски пазар со до затворањето на сестринската А1. А2 телевизија успешно се ребрендираше кон крајот на 2009 година, со што се претстави ново лого и визуелен идентитет.

А2 телевизија емитувала голем број на забавни, политички и информативни емисии. Исто така емитувала и добро познати серии.

На 13 јуни 2012 и А2 згаснала, затоа што била затворена од Советот на радио дифузија (СРД) поради непочитување на програмски формат. По затворањето на А2, вестите од проектот 19 се емитувале на порталот Либертас секој ден во 19:00 часот.

Категорија:Поранешни телевизиски канали во Македонија Категорија:Телевизии во Скопје Категорија:Појавено во 2008 година во Македонија Категорија:Престаноци во 2011 година во Македонија Категорија:Македонски медиуми Категорија:Телевизиски канали во Македонија