Канадска кошаркарска репрезентацијаФИБА ранк17тичлен на ФИБА од1936ФИБА зонаФИБА Америка Национална федерацијаКанада БаскетболТренерЛио РојтинсОлимписки настапиНастапи8МедалиСребро 1936Светски првенстваНастапи11Медали0ФИБА Американски првенстваНастапи13МедалиСребро 1980, 1999Бронза: 1984, 1988, 2001 мини|Роџерс центар, место каде Канада најчесто ги одржува своите домаќински натпревари во кошарка Канадската кошаркарска репрезентација ја претставува Канада во спортот кошарка и е исто така позната како „Тим Канада“. Оваа е една од репрезентациите под покровителство на Канада Баскетбол, канадската кошаркарска федерација. Најголем успех на репрезентацијата е освојувањето на второто место на ЛОИ во далечната 1936, а во понови времиња, под најдобриот канадски кошаркар на сите времиња, Стив Неш, учеството и освојувањето на седмото место на ЛОИ во Сиднеј во 2000. Канадската репрезентација поминува низ период од транзиција на почетокот на новиот век, но со време, младите играчи добиваат неопходно искуство. Водач на младиот канадски тим од 2007 сè до денес е Семјуел Даламберт од Филаделфија Севентисиксерс од НБА.

ФИБА Квалификации за ЛОИ 2008 одржани во Атина Канада се извлече од фазата на групи, со минимална победа од 78-76 над Јужна Кореја, со кам-бек во последните минути. Во четврт-феналето, се сретна со Хрватска, и беше убедливо поразена од Хрватите, кои се пласираја и на самите Летни олимписки игри. На мечот против Јужна Кореја и против Хрватска, тренерот Лио Ројтинс го имаше суспендирано неговиот најдобар играч Семјуел Деламберт, запечатувајки ја судбината на Канаѓаните, кои беа ослабени со неиграњето на Стив Неш, Џамал Меглор и суспендираниот Денхам Браун. Извршниот одбор на репрезентацијата одлучи во иднина да самите селектираат репрезентативци, и тренер кој ќе ги води за тој одреден циклус, место тренер/селектор со полно работно време.

Селекција ФИБА Олимписки Квалификации за Летни олимписки игри 2008 .

#ПозицијаИме и презимеГодина на раѓањеВисинаКлуб бек Рован Берет 1972 196 25п Шалон-Сур-Саон бек Карл Инглиш 1981 196 25п Гран Канарија бек Џермејн Андерсон 1983 188 25п Туебинген бек Тајлер Кепкеј 1987 182 25п Универзитетот Јута бек Енди Ројтинс 1986 196 25п Универзитетот Сиракјус крило Олу Фамутими 1984 198 25п КК Кимик крило Левон Кендал 1985 206 25п КК Панајониос крило Дејв Томас 1976 204 25п КК Мелбурн крило Хуан Мендез 1981 208 25п Ришон крилен центар Џеси Јанг 1980 209 25п КК Естидијантес центар Семјуел Деламберт 1981 210 25п Филаделфија Севентисиксерс центар Џоел Антони 1982 207 25п Мајами Хит - тренер Лио Ројтинс

Канада Категорија:Кошарката во Канада Категорија:Канадски спортски репрезентации